• Latest

Хрватска Влада: Пресудата на Трибуналот не ги одразува историските факти

November 29, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хрватска Влада: Пресудата на Трибуналот не ги одразува историските факти

November 29, 2017 21:31
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватската Влада издаде соопштение во кое му изрази сочуство на семејството на генералот Слободан Праљак, кој денеска изврши самоубиство судницата во Хашкиот трибунал, откако му беше изречена казна од 20 години затвор.

Владата наведе дека многу одредби од пресудата на Хашкиот трибунал, со која вкупно шест водачи на босанските Хрвати беа осудени на казни затвор од 20 до 25 години се политички неприфатливи и не ги одразуваат историските факти.

– Хрватска ги потпиша спогодбите од Вашингтон и Сплит (Туѓман – Изетбеговиќ), со што беше овозможено користење на територијата на Босна и Херцеговина во заедничка борба против вооружените формации на српските сили. Со тоа беше обновена хрватско-бошњачката воена соработка. Врз основа на овој договор хрватската војска ја запре српската опсада на Бихаќ и спречи повторување на геноцидот од Сребреница. Понатаму, во сојуз со армијата на Босна и Херцеговина, хрватската војска ослободи голем дел од територијата на БиХ, со што ја запре војната и ја сврте рамнотежата на силите и придонесе да се потпише договорот од Дејтон, соопшти хрватската Влада.

Со пресудата од Хаг, хрватските сили се осудени за прогон на бошњачко население од делови на БиХ со цел да се создаде етнички чиста хрватска територија. Владата најави дека ќе ги испита сите можни правни мерки за да ја оспори пресудата изречена денеска од страна на Трибуналот, и дека ќе продолжи да работи на развој на добрососедски односи со БиХ.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Историски фактиТрибуналХагХрватска Влада
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result