поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Ако сите позначајни одлуки треба да се донесат консензуално согласно договор постигнат на лидерска средба, тогаш нема потреба да се губи време и да се трошат пари за Парламент, Влада и П Претседател. Чудно е зошто до сега феноменот “лидерска средба” не профункционира во ниту една друга држава во светот.
*
Нереално сме очекувале и очекуваме државата да излезе од внатрешната политичка криза. Причини за тоа има повеќе. Главната е тоа што неказнети и на власт останаа „високите владини и партиски функционери поради тоа што биле очигледно директно вмешани во нелегални активности… заради лична или партиска корист“ (Прибе). Тука Не помага многу ниту почетокот на преговорите за влез во ЕУ, ниту членството во НАТО.