• Latest
Џабир Дерала

Чудовиштето на национализмот

December 16, 2021

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Чудовиштето на национализмот

Во суштина, сите етнички заедници се максимално еднакви – сите ги плаќаат апетитите на своите политички претставници.

December 16, 2021 08:57
in ЕДИТОРИЈАЛ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Не еднаш политичарите во земјава, и водечките и маргиналните, кажале дека им требаат повеќе гласови на изборите или во парламентот – за да не бидат „уценувани“ од „другата“ страна.

Доведувањето на политичкото помирување во релација со интеграцијата, мултикултурализмот и етничките прашања – го убива помирувањето по сите основи. Политичарите кои искрено веруваат во прогресот, веруваат и во мултикултурализмот и во Стратегијата „Едно општество за сите“.

Да се потсетиме, оваа владина стратегија, суштински важна за развојот, па и за опстанокот на Северна Македонија како модерна европска држава, се донесе на крајот на октомври 2018 година. Тоа беше исклучително деликатен момент, само еден месец по спроведувањето на Референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор.

Израз на политичка волја

Во кратката историја на независност и плурална демократија на оваа земја, се испорачаа голем број ветувања за интеграција на општеството, за прифаќање на мултикултурализмот и за доследното почитување на човековите права и слободи на сите луѓе и заедници подеднакво. Ниту едно од тие ветувања не беше исполнето во целост, а најголем дел од нив паднаа во заборав истиот ден кога беа донесени.

Така беше до формулирањето и креирањето на Стратегијата „Едно општество за сите“. Тоа беше таа тектонска промена, која ја одлепи Северна Македонија од калта во која тонеше како буре барут и ја направи вистински модерна европска држава.

Израсната е на улиците, искована за време на граѓанските протести за демократија, еднаквост и слобода. Во процесот на креирање на стратегијата, владата ги прифати принципите изградени во годините на граѓанскиот пркос против режимот и им даде институционална димензија. Тоа е прва стратегија од овој вид која не е наметната однадвор, туку е израз на политичката волја на креаторите на политиките и практиките и носители на одлуките на највисоко ниво.

Меѓу декларациите и реалноста

Сепак, реалноста е поинаква. Едно е да се декларира, а нешто сосема друго е концептот „Едно општество за сите“ да се практикува.

Како и сѐ друго во овој тажен балкански контекст, така и законите и важните стратешки приоритети на државата, наидуваат на отпор од пониските ешалони во власта и партиите. Назадните, националистичките и антизападни структури во земјата, помогнати од автократски режими од познати центри, вредно работат против мултикултурализмот во нашата земја.

Ќе биде здодевно да се повтори дека оваа област е извонредно чувствителна и комплексна. Сепак, зачудувачки лесно ѝ се предаваме токму на бескрајно здодевната репетиција на општи декларации и решително чукање на масата, придружено со зборовите – време е за акција сега! Како во „Житието на Брајан“ на Монти Пајтон.

Кратка е патеката

Малку потешко е да се прифати еден ноторен факт. Само-декларираните прогресивни групи, поединци, организации и политички ентитети, премногу лесно и премногу често паѓаат во стапицата на латентниот национализам, кој има својство брзо да премине во отворен национализам.

Чинот на подавање рака меѓу оние што претходно биле непријатели, е голем и благороден, но тоа е само прв чекор. Прекинот на непријателствата е краткотраен потег. Ако не постои волја, но и стратегија за национална и општествена интеграција, непријателствата лесно се разгоруваат. „Едно општество за сите“ е одговор на тие предизвици, но само ако доследно и целосно се спроведе, а потоа и да се унапреди и продолжи.

Кратка е патеката до пеколот. Нека се и добронамерни, ако се несмасни, обидите да се премостат разликите меѓу политичките партии, можат да доведат до разгорување на етничките тензии. Не еднаш се случило тоа, но политичарите мразат да учат од грешките.

Има разлика

Затоа, има разлика. На пример, предлогот на премиерот Зоран Заев во февруари 2020 година, за формирање широка коалиција во чиј состав би влегло и ВМРО-ДПМНЕ суштински се разликува од повиците да се обединат пратениците Македонци против „уцените“ од политичките партии на Албанците.

Во првиот случај се работи за идеја со која сите политички партии би се обединиле за исполнување на евроатлантската агенда, борбата против КОВИД-19 и справувањето со економските предизвици. Во вториот случај се работи за продлабочена етничка поларизација во која еден етно-национализам му се спротивставува на друг етно-национализам. Рецепт за катастрофа.

Две агенди

Преговорите меѓу партиите најчесто имаат две агенди. Едната е идеолошко-политичка, а другата се раководи од личните и теснопартиските интереси: за колку добри позиции во власта ќе се испазари партијата што е „на продажба“. Или тоа барем така се доживува во јавноста. И често се мешаат коцките. Помалите политички партии обично сакаат да добијат што е можно повеќе моќ со што е можно помалку квалитет и учество во реформските процеси. Пред своите гласачи се претставуваат како чувари на етничките права на едните или на другите.

Тоа е нашата реалност. Политичкиот „дијалог“ се сведува на пазарење за директорски и заменички места во министерствата и државните институции. На сметка на сите етнички заедници. И секогаш, тој што „дава“ е од поголемата партија што се перципира како македонска, а тој што „бара“ или „зема“ доаѓа од политичка партија на другите етнички заедници. На крајот, тоа изгледа вака: Македонците даваат, а „другите“ само „земаат“.

Сите се еднакви

Во суштина, сите етнички заедници се еднакви – сите ги плаќаат апетитите на своите политички претставници.

Од друга страна, иако националистите сакаат да веруваат и да постапуваат поинаку, човековите права имаат едно силно „антинационалистичко својство“.

Не може никој да го даде тоа што веќе им припаѓа на сите, а тоа се човековите права и слободи. Тоа е така според Уставот, законите и меѓународното право. Нема ништо поедноставно од тоа, само треба да се следи словото на законите и принципите на недискриминација. Но тоа е неспоредливо полесно да се каже, отколку да се спроведе!

Нужно зло?

Во македонската политичка реалност, рамноправноста се губи на „зеленото пазарче“ на меѓупартиските преговори. Малку е потребно декларираното партнерство во водењето политики и исполнувањето на заедничките национални стратешки цели.

За жал, дури и кога тоа не е случај, перцепцијата во јавноста е дека партиите се пазарат за етничко влијание во државните структури. Така, политичките претставници на Албанците, Ромите, Турците, Власите, Бошњаците или други, од партнери во власта, се претвораат во „нужно зло“ во политиката. Тие не се доживуваат како партнери кои можат да придонесат во креирањето на политиките на парламентарните мнозинства, туку се само неизбежни и секако „крајно непожелни“ елементи во власта.

Меѓу „уцените“ и политичката непомирливост 

Наместо прикриен национализам, почесно е да се каже што е тоа со кое уценуваат Албанците во политичките преговори, а на Македонците им пречи. И обратно! Релациите во политиката секогаш имаат најмалку две насоки.

Етнички мотивираното надмудрување може само да придонесе кон продлабочена поларизација по етнички линии. Предизборните коалицирања со Албанците ништо не вредат, ниту разните законски и административни решенија за етничките заедници, ако нема политичка волја за негување и почитување на различностите, за доследно, искрено и бескомпромисно спроведување на Стратегијата „Едно општество за сите“.

Дали политичката поларизација е полоша од етничката? „Уцената“ за некое директорско место повеќе за Албанците се доживува како предавство и неспоредливо поголемо зло отколку „единството“ со структури кои имаат антидемократско, националистичко, па и криминално минато.

Нагоре високо, надолу длабоко. И едната и другата практика го корумпираат и партизираат системот.

Има ли лек?

Да, лек има. Називот му е: Едно општество за сите. За почеток, треба да се разговара за сите облици на прикриен или отворен национализам. Нема дебата на оваа тема, ни во медиумите, ниту во академската јавност. Тоа не е нормално. Мора да се надмине стравот од отворање дебата, од искрена размена на ставови, од учење…

Крајно време е медиумите да го отворат својот простор за јавна осуда на секој и најмал облик на национализам. Да ги напуштат концептите на екс-југословенските медиуми од 90-те години на минатиот век.

Еве, да почнеме од „најлесното“ – зборовите и изразите како „уцена“, „нужно зло“, „и тие се луѓе“, „нема да ти заврши работа наш, барај ги нивните“, „имаат убав мелос“… Бидејќи, зад зборовите и изразите најчесто се крие чудовиштето на национализмот.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).

Прочитајте и: 

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: „Едно општество за сите, сегашност и перспективи“

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ