Во пресрет на денешната прес конференција на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, од Редакцијата ЦИВИЛ Медиа беа поставени неколку прашања. Во овој прилог, ги објавуваме прашањата од Редакцијата и одговорите на министерот.
Дали дозволите за движење се издаваат за работни обврски или за средби со вереници и други блиски? Во таа смисла, кој е Вашиот коментар за вчерашниот случај со Диме Арсовски, кој имал работни обврски истовремено со својата вереница во Струмица? – гласеа првите две прашања до Чулев.
„Според информации кои ги добив од СВР Струмица, лицето располага со валидна дозвола. МВР не ги издава дозволите за движење, туку МИОА. МВР не навлегува во валидноста на дозволите туку проверува дали се оригинални или не. И покрај тоа што имал валидна дозвола, врз основа на службената белешка, не е регистрирано дека лицето се однесувало дрско и навредливо. Бројот на издадени дозволи од страна на правни субјекти, фирми и МИОА е енормно голем“ гласеше одговорот на првото прашање од министерот Чулев.
Дали Диме Арсовски бил следен и легитимиран од параполиција, како што изјавува по социјалните мрежи или од редовниот состав на Министерството за внатрешни работи со кое раководите Вие? – е второто прашање до министерот Чулев.
Тој одговори дека до сега до МВР не пристигнала пријава од Арсовски во која вели дека е следен.
„Диме Арсовски е легитимиран од полициски службеници од СВР Скопје. До сега не е стигната пријава од истото лице дека е следен од полциски службенции. Доколку лицето пријави дека е следено ќе ја информираме јавноста“, рече Чулев.
Како го коментирате фактот што Вашиот советник, г. Љубчо Андоновски, не е во состојба да ги следи мерките за заштита од коронавирусот, бидејќи, како што изјави, се донесуваат „во 5 до 12“?
На прашањето : Како го коментирате фактот што Вашиот советник, г. Љубчо Андоновски, не е во состојба да ги следи мерките за заштита од коронавирусот, бидејќи, како што изјави, се донесуваат „во 5 до 12“?, Чулев не даде друг коментар освен дека МВР се води според начелата на професионалност и неселективност во постапувањето, па според тоа за конкретниот случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.
М. Ивановска