• Latest
Зоран Иванов

Чуму страв ако сме пиреј

July 6, 2021
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Чуму страв ако сме пиреј

Би било упатно, наместо замајувања со некакви херојски документи за идентитетот, ајде порелаксирано да гледаме на ступидните хирови на нашите соседи и на латентните поддршки што очигледно ги имаат од некои од помоќните европски структури. Унијата е незадолжителен клуб и нема потреба од паранои од историски размери и по јазикот и по идентитетот. На крајот, сепак, се ќе си дојде на свое место. Па пиреј сме, нели.

July 6, 2021 17:05
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов

Зоран Иванов

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Па, за да биде појасно гледиштето изнесено во овие редови, еве вака школски како за на табла:

Пак се крева прав околу идентитетот, јазикот, предизборно се политизираат бугарските хирови. Сè некако наликува исто како во времето кога се крчкаше Преспанскиот, по што, очекувано, се случи според народната: „Се тресеше гората, се…“

Ниту име загубивме, ниту јазик, ниту идентитетот. Напротив. Го депониравме ФИРОМ во историјата како сведоштво на едни времиња, на едни балкански сеништа што тука и таму сè уште талкаат по овие простори кави што сега се и овие со бугарските антимакедонски политики.

Но како да забораваме дека, ако како држава не сте запишани во ООН, тогаш не сте држава. А државата Македонија е единствената држава, единствената политичко правна конституција запишана во тетратката на ООН што во името ја содржи именката Македонија. Сега северна, ама Македонија, а Македонците се единствениот народ во светот кој, исто така, како што е запишано во светската катастарска книга, е запишан како македонски и го говори македонскиот јазик.

Па, оттука, а-про-по т.н. „Резолуција“ што од силен квази патриотизам ја форсираат дури и оние што до вчера јавно пафтаа со бугарски знамиња, а кои ќе ни го бранеле идентитетот македонски токму од Бугарите. И тоа сега демек посебно испровоцирани од некои содржини за јазикот во португалскиот предлог и наводното поддржан и од наша страна.

Прво, факт е дека кога велиме дека ние немаме проблем, туку имаат другите со нас, всушност проблем со другите имаме ние зашто ние имаме цел, а тоа е, ако е, ЕУ.

Второ, факт е и дека терминот „според уставот“, како што е запишано и во многу други устави на други држави каде што е дефиниран службениот јазик или службените јазици на тие држави, бенигно е дури и ако во некаков компромисен договор и во ЕУ се запише формулацијата „според уставот“. Патем, конкретно ова со Бугарија, таква формулација произлегува и од содржината во меѓусебниот договор од 2017-та, па и пред тоа, од Меморандумот што Софија и Скопје го потпишаа уште есента 1998-ма и каде што околу јазиците на двата народа стои „според уставот“ и тоа во документот се однесува и на бугарскиот јазик.

Трето, нашиот јазик, македонскиот, еве пак за да стане уште појасно, како службен јазик на државата Република Северна Македонија, е запишан во ООН и таму е тоа, не на регионално европско, туку на светско, на планетарно ниво, е завршена работа.

А за во ЕУ, па таму, во тој клуб, може да се биде член, но и не мора. Може де се влезе и да се излезе. Се влегува, за нас конкретно, низ тешки и трауматични процедури, но ако за некого е некаква утеха, може да се излезе кога ќе се посака. Унијата е незадолжителен клуб и нема потреба од паранои од историски размери и по јазикот и по идентитетот. Во клубот Европска Унија кон кој се стремиме приоритети ни се развојните интереси, сега и перспективите на државата. Го имаме имотниот лист од катастарот ООН и во него, како за секоја држава и за граѓаните во неа, е запишан и нашиот идентитет.

Текстов, неминовно, ќе биде суден од многумина, посебно по масовната „хистерија“ што како вирус предизборно кокетно се шири и ја зафати дури и власта. Ќе биде суден, но нема да биде осуден, барем сигурно не од иднината. И, би било упатно, наместо замајувања со некакви херојски документи за идентитетот, ајде вака некако малку порелаксирано да гледаме на ступидните хирови на нашите соседи и на латентните поддршки што очигледно ги имаат од некои од помоќните европски структури. И да бидеме помудри и како и во случајот со нашиот јужен сосед, така и сега со нашиот источен, да ја искористиме и најмалата интегративна шанса.

На крајот, сепак, сè ќе си дојде на свое место. Па пиреј сме, нели.

5.7.2021

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ