• Latest

Хунтата ги товари за тероризам, а кај нив најдоа телефони и лаптопи

December 19, 2017
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хунтата ги товари за тероризам, а кај нив најдоа телефони и лаптопи

December 19, 2017 10:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Притворот за уставобранителите мора да биде прекинат, а политички монтираното обвинение за тероризам да биде повлечено, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ во врска со притворот кој во врска со насилствата во Собранието од 27 април им беше изречен на нивни членови и на повеќе уметници.

Од партијата најавија дека во знак на незадоволство и денес ќе блокираат четири крстосници во градот Скопје во периодот од 15 до 17 часот, а за во 18 часот најавија и протест пред Министерството за правда каде ќе има повеќе обраќања пред присутните. Четирите скопски крстосници кои денеска ќе бидат блокирани во знак на револт од 15 до 17 часот се: крстосницата кај Соборен Храм, крстосницата кај „Мавровка“, крстосницата кај „Нова Македонија“ и Крстосницата кај „Црвен Крст“.

„Мора да престанат изживувањата во Истражниот затвор преку нехуманите услови во кои се држат притворените. Не постои никаква правна основа, ниту какви било аргументи да се бара продолжување на притворот или продолжување на истрагата за измисленото обвинение со кое за терористи беа прогласени уметници, оперски пејачи, режисери, актери, архитекти, доктори, пратеници, полициски службеници и многумина други чиј единствен грев е љубовта кон Македонија“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

Оттаму обвинуваат дека јавното обвинителство наместо по закон работи по насоките на, како што велат, хунтата и истакнуваат дека целиот случај за наводен тероризам е монтиран за потребите на хунтата.

„Дејствијата кои ги превзема Јавното обвинителство се нелогични и неаргументирани. Не е исполнет ниту еден услов за да се бара и изрече мерката притвор. Неправедно притворените ниту се криеја, ниту се впуштија во бегство. Тие 8 месеци твореа и ги извршуваа своите секојдневни активности. Второ, неправедно притворените ниту влијаеле, ниту помислиле да влијаат врз кои било сведоци. Зарем некогаш Дурловски, Јовановски, Илиевски или кој било од притворените некому му се заканувал или некој мисли дека тие би се заканувале“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека приведените никогаш не сториле ниту прекршок, а не пак некое кривично дело.

„Хунтата сега им монтира тероризам, но кој терористички акт или какво насилно уривање на уставниот поредок би можеле да сторат кога најопасното оружје што партиската хунта го пронајде кај нив беа мобилни телефони и по некој лаптоп со нивните креации? Целиот случај е чист политички прогон, реваншизам и одмазда кон сите кои не се согласуваа со антидржавните политики на хунтата на Заев и тоа гласно го говореа“, стои во соопштението.

Од партијата заклучуваат дека ниту еден од трите услови за мерката притвор не е исполнет и затоа истиот не смее да биде продолжен. Оттаму ги повторија и нивните барања во врска со овие случаи: Безусловно запирање на ситепроцеси на политичкиот прогон, истно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави, како што велат, СДСМ и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со, според нив, класичниот политички прогон.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: блокирани крстоснициВМРО-ДПМНЕпартиска хунта
Share45Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ