• Latest
Фото: СДСМ/Скриншот

Чупеска: Дегутантна е леснотијата со која министерот Тошковски ја отфрли одговорноста за оваа трагедија од себе и МВР, со кое раководи повеќе од една година

March 16, 2025
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чупеска: Дегутантна е леснотијата со која министерот Тошковски ја отфрли одговорноста за оваа трагедија од себе и МВР, со кое раководи повеќе од една година

March 16, 2025 19:20
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: СДСМ/Скриншот

Фото: СДСМ/Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

На вечерашната вонредна прес конференција која започна со минута молк за жртвите од трагедијата во Кочани, потпретседателка на СДСМ, Ана Чупеска, откако изрази длабоко сочуство на семејставата и блиските на жртвите и посака брзо закрепнување на повредените, истакна дека, иако сакале денеска, на овој трагичен ден како одговорна партија да остават институциите да ја вршат работата без да ги попречуваме со политичко дневни препукувања, и немале намера да држат прес конференции, последната прес конференција на Тошковски ги принудила да реагираат.

Леснотијата со која министерот ја отфрли од себе вината и од министерството со кое раководи една година е дегутантно. Да го потсетиме Тошковски дека е министер 13 месеци. СДСМ веруваше дека тој ќе има доблест да ја каже вистината и дека прецизно ќе ја лоцира вината и дека нема намера никој да биде поштеден од овие настани, вели Чупеска и додава. Наместо тоа Тошковски реши да политизира и да обвинува други кога тој лично е министер веќе цела година , а владата ги има сите иснтиутции на располагање 9 месеци.

Чупеска истака дека, бидејќи никој до сега не ги постави клучните прашања за овој настан, тие денеска се на прес да ги поставиме тие прашања.

Министре Тошковски нели е срамно да не поднесете оставка вие и сите во институциите во услови во кои цела година оваа дискотека работи без лиценца?

Чија е одговорноста ако не ваша ?

Одговорете и на јавноста како полицијата била таму како што и самиот кажавте и притоа не ја затворила дискотеката која очигледно работела надвор од сите стандарди.

Како оваа дискотека оваа кобна ноќ работела до 3 часот, праша Чупеска?

Таа го праша министерот, дали Дирекција за зашитита и спасување, која треба еднаш годишно да прави провери за безбедности стандари на сите објекти, тоа го направила?

Понатаму, како што се гледа од снимките пожарот е настанат од пиротехнички метријали зошто молчите дека токму МВР ги издава и контролира овие компании и поединци кои управуваат овие средства.

Дали и кој е приведен и против кој ќе има постапка во МВР.

Дали е точно дека ова лето дискотеката била реновирана и пуштена во употреба, кој дал согласност за тоа?

Министре Тошковки, за крај сакаме да ви порачаме една работа во овие момент имавте голема можност да докажете дека сте професионалец но и дека сте човек, жалиме што со вашето однесување и пропаганда на социјалните мрежи решивте да  брутално го политизирате овој трагичен настан настан. Нека ви служи на честа и нека ве следи вечно, рече Чупеска.

За крај, Чупеска нагласи дека СДСМ бара темелна и независна постапка за целиот случај, оваа трагедија да се истражи до крај, граѓаните да ја добијат вистината и апелираше до сите да не го политизираат случајот.

М. Д.

Tags: Ана ЧупескаПанче ТошковскиСДСМтрагедија во Кочани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ