Д-р Константинас Андријаускас од Универзитетот Вилнус, на вториот панел од конференцијата, насловен „Спротивставување на авторитаризмот“ вели дека ние веќе со децении се соочуваме голем број проблеми и претходни конфликти.
Во 2014 во јули бев во Сибир, Русија и прехтодно доста често минував време таму, речиси секој летен одмор додека бев дете. Имавме таму прослава за мојот роденден и едно утро се разбудивме вклучивме телевизија и видовме вести за соборување украински воен авион и моите пирјатели многу добро ја разбираа мојата политичка историја и тие не кажаа „ние пак соборивме ваш авион“. Навистина во тој период русите соборија авиони со украински војници. Само неколку часа подоцна наративот во медиумите се смени значајно и моите пријатели кои се смееја и правеа шеги сега одеднаш, озбилни, кажуваат дека соборените авиони се со војници кои претходно собориле руски авион, сакав да им кажам како можат да се глупави и да веруваат во такви работи. Така функционираат авторитативните земји. Таква е целата истоија на овој дел, на овој регион ако ги земеме во предвид сите примери за бомбардирање згради и слично. Ние имаме една цела генерација руси за кои што Путин е татковска фигура.
Константинас Андријаускас посочи и две клучни препораки, да се стремиме кон објективна вистина и начинот на кој ќе известуваме за објективната реалност.
Константинас Андријаускас е вонреден професор по азиски меѓународни односи на Институтот за меѓународни односи и политички науки на Универзитетот Вилнус (Литванија). Порано висок визитинг научник на кинеските универзитети Фудан (Шангај) и Жеџијанг (Хангжу), како и Универзитетот Колумбија (Фулбрајт Стипендист програма). Истражувањето на д-р Андријаускас е фокусирано на меѓународната политика во рамките на стратешкиот триаголник Европа-Азија-Русија воопшто и особено на односите Кина-Литванија.
Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија.
Конференцијата се состои од четири сесии, во кои учествуваат повеќе од 25 учесници од Северна Македонија, регионот, Европа и САД, како и изложба и штандови со изданија на организацијата која оваа година одбележува 25 ГОДИНИ од основањето.