• Latest

Да добиеш домашен притвор доволен е прекарот

December 18, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Да добиеш домашен притвор доволен е прекарот

December 18, 2025 10:41
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во македонското судство, „Ѓаволот“ не е фигуративен израз, туку прекар на реален обвинет. Станува збор за Љупчо Пецов, во јавноста познат како „Ѓаволот“, еден од обвинетите во предметот „Синџир“, отворен пред две години. Во овој случај се опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 фирми, кои според истрагата преку фиктивни фактури со ДДВ за наводно извршени, а непостоечки набавки, го оштетиле државниот буџет за околу 8 милиони евра. По одреден период поминат во бегство од органите на прогонот, Пецов се предаде на надлежните институции. Иако претходно му беше определен притвор до пронаоѓање, судија на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и му изрече мерка куќен притвор.

Паралелно со овој случај, јавноста сè уште ја памети трагедијата во Београд со младиот Мартин Сипковски од Скопје. Иако имал само 21 година, Сипковски зад себе имал обемно криминално досие, со дела како насилство, разбојништво и предизвикување општа опасност. За него речиси и да немаше јавни детали, сè додека српските медиуми не објавија дека загинал во Белград, откако по грешка активирал експлозив во изнајмен стан. Според тие информации, експлозивот наводно бил наменет за егзекуција на лице поврзано со организиран криминал. Од Обвинителството посочија дека Сипковски бил осуден на 7 години и 6 месеци затвор за обид за убиство, пресуда која не била правосилна. Наместо во притвор, тој се наоѓал во куќен притвор, од каде што избегал, а институциите подолг период немале сознанија дека ја напуштил државата.

Новинарот Љубомир Костовски на својот Фејсбук профил, иронично вели дека за да добиеш домашен притвор доволен е прекарот.

Човекот со прекар Ѓаволот, кого правдата го бараше со денови, а тој успешно се криеше, конечно се предаде на полицијата. Но притворниот судија му „препиша“ домашен притвор. Што е тоа во неговото досегашно однесување што дава за право да ги ужива благодетите на својот дом? Ниту еден судија не треба да се двоуми кога е во прашање бегалец. Ама кај нас имаме судии и „пол“.

Да се сетиме на смртта на младото момче од Скопје, осудено на осум години строг затвор (добро читате – 8 години), кое доби куќен притвор до конечната, извршна пресуда. И тој побегна, а правдата не ни знаеше дека си отишол од земјава, бидејќи немаме ефикасен систем за нивно следење. Пред многу години Шпанија ни даде соодветни уреди, ама потоа ни ги зема, откако со години седеа во некој магацин.

Како е можно да имате осум години пресуда во прв степен, а да седите дома? Кој ја донел таквата одлука и зошто? Очигледно, имало некаков „план“ за негово користење – истиот тој криминалец во Белград загина обидувајќи се во изнајмен стан да направи бомба.

Костовски додава дека ова е само еден пример, и дека кај нас, очигледно, судиите не страдаат. Тука страдаат само обвинителите – нив ги тргаат од функциите.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ