• Latest

„Да не се заборави“ – заеднички настан на Корчагинци и Меморијалниот центар на Холокаустот

April 28, 2018
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Да не се заборави“ – заеднички настан на Корчагинци и Меморијалниот центар на Холокаустот

April 28, 2018 13:35
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меморијалниот центар на Холокаустот создаде уште една ѕвезда на бескрајното небо, именувана „Да не се заборави“. Вредните и креативни Корчагинци, заедно со нивните професори, за прв пат оваа година, во соработка со меморијалниот центар на Холокаустот, го организираа овој настан во четвртокот, 26 април 2018. Идејата доаѓа од повеќегодишна соработка со Yad Vashem и меморијалниот центар на Холокаустот кој се одвиваше во реализација на друг вид на проекти. Така, всушност започнува приказната „Да не се заборави“. Тоа е приказна која има за цел да ги поврзе Корчагинци со училиште во Тел Авив, со кое би оствариле една вистинска мултикултурна соработка.

Приказната за Евреите е приказна која на различни начини е раскажувана од значајни мислители, уметници, културни и научни дејци, ширум светот. Но, нашата Корчагинска приказна е приказна која во една атмосфера на љубов, креативност, професионалност и високи човечки принципи на почитување ја исткаевме заеднички за да кажеме гласно пред целиот свет, пред очите на нашата јавност „НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ“! Молкот е поголем непријател и од непријателот. Евреите ја носат пораката на самонадминување, кодот на националниот геноцид, но и Сизифовската издржливост во смисла на нечовечноста применета врз човека, за да ни ја раскажат истата како една возвишена философија која човекот треба да ја запамети, да ја меморира.

„Март е, пролет, време кога на календарите се бележи времето на празниците, посветени на радоста и на обновата на природата, а не време на замолк, не време на смрт…“ („Светилка за Ханука“, Томислав Османли).

Кое е чувството кое би се поврзало со синтагмата „соголување на човечноста“? Зошто помалку вредни луѓе; зошто помалку вредна нација? Кој е всушност човекот?, се дел од прашањата кои беа допрени со овој настан. Не смееме да го заборавиме големото срце на директорот на меморијалниот центар на Холокаустот, Горан Садикаријо, кој во целост застана и ја поддржа идејата на целиот наш Корчагински тим, нашите драги Корчагинци и професорите-ментори: Атанас Сопотски, Валентина Костовска, Митра Блажевска, Сашо Ливрински, Драгица Солунчева, Гордана Геческа, Маја Богданова Христова, Роза Никодиноска, Татјана Голчева.

м-р Митра Блажевска

професор по македонски јазик и литература во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“

Tags: КорчагинМеморијален центарсоработкахолокауст
Share213TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ