• Latest

Да се изучува ромскиот јазик во училиштата и Катедра во УКИМ, побара Салиу на одбележувањето на 5 Ноември – Меѓународен ден на ромскиот јазик

November 5, 2024
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025

Сериозни повреди на демократските принципи пред локалните избори 2025 – Движењето Слободни и независни бара итна реакција од институциите

October 10, 2025

По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

October 10, 2025

Играта со меѓуетничките односи: Стратегија или опасен политички потег?

October 10, 2025

Зекирија Шаини: Сакаат да ме дискредитираат, мојата сопруга нема врска со пукањето – институциите нека го најдат вистинскиот сторител!

October 10, 2025

Фон дер Лајен следната недела на турнеја низ Западниот Балкан, в среда ќе престојува во Скопје

October 10, 2025
РЕК Битола

Уапсен Борче Марковски од „Марковски компани“: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

October 10, 2025

Нобеловата награда за мир 2025 оди кај Марија Корина Мачадо – симболот на отпорот против диктатурата во Венецуела

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Да се изучува ромскиот јазик во училиштата и Катедра во УКИМ, побара Салиу на одбележувањето на 5 Ноември – Меѓународен ден на ромскиот јазик

November 5, 2024 14:46
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Задолжително изучување на ромскиот јазик во сите основни и средни училишта, каде има мнозинство ученици од ромската заедница. Формирање на катедра на Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ на кој ќе се предава ромскиот јазик и формирање на Институт во Скопје кој ќе го следи развивањето на истиот. Министерот за ресор, Шабан Салиу, по повод Меѓународниот ден на Ромскиот јазик, рече дека новата влада ќе се фокусира на зачувување на ромскиот јазик и идентитет.

Ќе се заложи и дел од од средствата од новиот буџет за Министерството за образование, се наменат за печатење на 30.000 граматики, буквари и речници и да има повеќе емисии на Македонската телевизија и радио по ромски јазик.

„Очекуваме институционално вистинско системско решение за Ромите, во поглед на јазикот“, рече Шабан Салиу, министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на стратегхијата за инклузија на Ромите.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ромскиот јазик е потсетник дека мораме да го зачуваме и негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива. Мицкоски рече дека образованието не треба да биде привилегија и дека тоа треба да биде право достапно за секој млад човек, без разлика на неговото потекло, економска состојба или етничка припадност. Нивна задача како влада е да изградат систем кој ќе овозможи квалитетно и достапно образование за сите.

Мицкоски рече дека во последните неколку децении се прават сериозни напори за заштита и унапредување на ромскиот јазик и кутлура но дека се уште има многу предизвици бидејќи ромскиот јазик е под закана од губење поради асимилиација и недостатокот од системска поддршка.

– Образованието е од клучно значење. Образованието треба да биде достапно и инклузивно за сите, бидејќи само така ќе можеме да изградиме општество кое ги почитува сите култури и различности. Образованието не треба да биде привилегија – тоа треба да биде право достапно за секој млад човек, без разлика на неговото потекло, економската состојба или етничката припадност. Но, за жал, постојат предизвици што спречуваат многу млади да ја добијат оваа шанса. Некои од нив се економските бариери, недостатокот на ресурси, и нееднакви можности. Овие предизвици мора да ги надминеме заедно. Наша задача е да изградиме систем кој ќе овозможи квалитетно и достапно образование за сите. Токму затоа, инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Со вложување во образованието, ние вложуваме во градење генерации кои ќе бидат подготвени да ги решат проблемите на иднината. Младите кои ќе создаваат иновации, ќе промовираат позитивни промени, практично градат посилно и поодговорно општество, порача Мицкоски.

Според Мицкоски, денешниот ден е потсетник и дека е потребна заедничка работа за поголема инкузија и поддршка на ромската заедница.

– Сите ние, без разлика на етничката, религиозната или културната припадност, сме дел од една голема заедница – заедницата на човештвото. Само заедно, со меѓусебно почитување и разбирање, можеме да создадеме свет каде што секој јазик, култура и секоја приказна ќе имаат еднакво значење и ќе бидат слушнати и почитувани. Нека овој ден биде инспирација за сите нас да ги почитуваме различностите, да го негуваме јазикот и да се стремиме кон поголема солидарност. Нека ромскиот јазик продолжи да живее и да се развива, носејќи го со себе духот и мудроста на неговиот народ, рече премиерот на одбележувањето на Меѓународниот ден на ромскиот јазик.

И лидерот на СДСМ, Венко Филипче го честита Денот на ромскиот јазик, потенцирајќи дека ромскиот јазик е неразделен дел од културата и идентитетот на Ромската заедница, но и на богатството на нашето заедничко мултиетничко општество.

„Упатувам искрена честитка до сите граѓани, особено до припадниците на Ромската заедница, кои со гордост го негуваат и пренесуваат овој јазик низ генерациите.

Преку промоција на ромскиот јазик, не само што ја зачувуваме традицијата и историјата на еден народ, туку испраќаме и силна порака за почитување на различностите и за нашата заложба за инклузивно општество, во кое сите граѓани имаат еднакви можности и права.

Нашата партија, СДСМ, останува посветена на градење на држава во која културните и јазичните богатства на секој народ ќе бидат признаени и вреднувани. Нека овој ден биде потсетник за значењето на ромскиот јазик и за нашата заедничка одговорност да го зачуваме како дел од богатото културно наследство на нашата земја. Честит Ден на ромскиот јазик!“ стои во честитката на Филипче.

Светскиот ден на ромскиот јазик ги промовира јазикот, културата и образованието, а се слави секоја година на 5 ноември, денот кога почнувајќи од 2009 година се направени првите чекори кон негово признавање за малцински јазик според Европската повелба за регионални или малцински јазици. Од 2015 година на барање на Република Хрватска, УНЕСКО го прогласил 5 ноември за Светски ден на ромскиот јазик.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ