• Latest

Дали Ана Петровска од Зелен Хуман град има „допирна точка“ со гасоводот кој минува низ Парк-шумата Водно?

October 11, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дали Ана Петровска од Зелен Хуман град има „допирна точка“ со гасоводот кој минува низ Парк-шумата Водно?

October 11, 2021 10:24
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

По написот објавен во „Независен весник“ на 10.11.2021, Ана Петровска го аминувала гасоводот низ парк-шумата Водно во 2011 година?, кандидатката за градоначалник на Скопје од „Зелен Хуман Град“ доби новинарско прашање во врска со гасоводот на кое одговори:

„Што се однесува до гасовод, јас немам никаква допирна точка со гасоводот. Тој проект го водеше, во тој период додека јас бев државен секретар, господинот Јани Макрадули“, изјави кандидатката за градоначалник Ана Петровска.

Да видиме дали првиот дел од изјавата на Петровска („јас немам никаква допирна точка со гасоводот“) ја поминува елементарната проверка на фактите.

„Допирна точка“ меѓу Ана Петровска како експерт и гасоводот кој поминува низ Водно има констатирано не само „Независен весник“, туку и „Радио МОФ“ уште во 2018. Во написот „Без да знае, биологот Бранко Мицевски се најде во Студија за гасоводот на Водно“, тема е студијата „за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС) за делница за гасоводот, чија траса е планирано да минува низ Водно“, а во содржината има линк до документот со следново објаснување:

„Ако се погледне документот, таму пишува дека одговорен експерт е Магдалена Трајковска Трпевска, генералниот менаџер на „Технолаб“. Понатаму, раководител на тимот за изработка на Студијата е Љубомир Ивановски, а Мицевски е впишан во листа заедно со Ана Петровска, Митко Караделев, Андријана Велјаноска, Марјан Ѓуровски и Бранкица Костова.“

Линкот од документот води до сајтот на Општина Кисела Вода, каде што е објавена „Студија за оцена на влијанието врз животната средина на проектот – Национален гасификационен систем во Република Македонија, Делница 5 Скопје – Гостивар – Кичево“, и точно е дека сите споменати имиња се наведени во студијата.

На листата на „соработници“, прва е спомената „Ана Петровска, дипл. инж. архитект, – Експерт за оцена на влијанието на проектите врз животната средина“, што значи дека сепак има допирна точка помеѓу „Ана Петровска“ и гасоводот кој поминува низ Водно.

Новинарот на „Радио МОФ“ побарал изјава од нарачателот на студијата – Министерството за транспорт и врски, кое изјавило „За нас е важно да биде содржана комплетната документација, со потпис и печат, со сите соработници и фирми што работеле на тој проект. И ние како таков сме го прифатиле.“

Во статијата на „Радио Моф“ се објаснува дека за еко-активистите од иницијативата „Го сакам Водно“ студијата била спорна „зошто не го обработила детално влијанието на трасата низ заштитената Парк-шума Водно“. Има и линк до „поопширна анализа околу гасоводната делница низ Водно“, од страна на иницијативата „Го сакам Водно“, во која исто така се критикува студијата:

„Во студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот се наведува дека избраната траса бара минимална експропријација. Најголемиот дел од трасата низ Водно е државно земјиште. Но, минимална експропријација не смее никогаш да биде причина за избор на траса, особено кога тоа значи градење низ заштитено подрачје.“ [Анализа] Граѓанските иницијативи остануваат против изградба на гасоводот низ Водно“

Во написот Ана Петровска го аминувала гасоводот низ парк-шумата Водно во 2011 година?  исто така се цитира анализата потпишана од повеќе организации: Го Сакам Воднo, О2 Коалиција, Зелено Тафталиџе, Стоп на Загадувањето, ЕкоКарпош 3,2,1, Спас за Водно, Ние сме Карпош 4, Скопје Смог Аларм, Сакаме Аеродром да дише. Покрај укажувањето дека „Еко-активистите во 2018 бараа нова траса и нова студија“, написот во „Независен весник“ ги поставува следниве прашања од јавен интерес:

„Каков бил нејзиниот придонес во една ваква студија, колкав бил нејзиниот хонорар и зошто учествувала во изработка на студија, која бројни еко-здруженија ја напаѓаат треба да одговори токму Петровска“.

Но, Петровска досега нема дадено одговор на овие прашања, ниту пак се огради од студијата во која стои нејзиното име како соработник и експерт (како што претходно направи еден од соработниците). Студијата, на која се наоѓа и името на експертката Петровска, изведува генерален заклучок дека изградбата на гасоводот низ Водно, „нема да доведе до значително намалување на квалитетот на животната средина“.

Цитат од студијата за гасоводот и негово влијание на квалитетот на животната средина

Tокму затоа, легитимни се прашањата на новинарите дали студијата и експертите ја „аминувале“ трасата на гасоводот низ парк-шумата Водно во 2011, исто како и аргументите на еко-активистите кои не беа задоволни од студијата и бараа нова студија „поради пропустите кои ги има за овој дел на заштитеното подрачје Парк-шума Водно“.

Накусо, Ана Петровска досега не објасни како нејзиното име како експерт се нашло во студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот за гасоводот кој поминува низ парк-шумата Водно. Нејзината изјава „јас немам никаква допирна точка со гасоводот“ не ја поминува проверката на фактите, затоа што нејзиното име како експерт се наоѓа на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот – гасовод кој поминува низ Водно.

Оваа студија, заедно со имињата на сите соработници и фирми што работеле на тој проект, била прифатена од Министерството за транспорт и врски, кое не е само нарачател на студијата, туку и надлежно министерство за проектот – гасовод кој поминува и низ парк-шумата Водно.

По критиките од еко – активистите, Министерството за транспорт и врски направи промени на проектната документација, и трасата беше делумно изменета.

—

П.С. Едит: И Јани Макрадули ја посочи Ана Петровска како една од авторите на студијата:

„Ана Петровска е една од авторките на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот за Национален гасификационен систем во Република Македонија Делница 5 Скопје-Гостивар-Кичево (Гасоводот на Водно) од 2011 година. Студија направена во 2011 во многу тишина и зад очите на јавноста. За таа траса, одобрена и препорачана од Петровска, дека не влијае штетно на природата, граѓанските организации реагираа, а во координирана акција на неколку владини институции во 2018-та година: Од првичниот проект, направена е измена на трасата, и со тоа за 70% се намали должината каде се сечеа дрвца.“, објави на својот Фејсбук профил Јани Макрадули, кој беше спомнат во вториот дел од изјавата на Петровска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ