• Latest

Дали Мицкоски изврши кривично дело?

June 5, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дали Мицкоски изврши кривично дело?

Сопственикот на кафеаната кој му пружил противзаконско гостопримство на Мицкоски и неговата мускулеста придружба доби кривична пријава. Ако сите се еднакви пред законот, откако Мицкоски, по бегството, призна каде бил и што сторил, не останува ништо друго освен надлежните да му поднесат пријава за кривично дело против здравјето на луѓето, според член 206 од Кривичниот законик, што може да значи и затворска казна до една година.

June 5, 2020 10:14
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Христијан Мицкоски, формално првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш даде негативен пример и покажа како човек НЕ ТРЕБА да се однесува за време на епидемија. Освен што манифестираше скандалозна ароганција, за потоа да избега „главом без обзира“ од кафеаната „Чардак“ во Боемска улица, тој во јавноста продолжува со непримерно поведение. Со такво поведение тој покажува, не како се спречува, туку како се шири коронавирусот.

Откако избега, не можејќи да ги прикрие фактите за своето противзаконско однесување, Мицкоски „херојски“ призна дека тој е политичарот што седи во внатрешниот дел на кафеаната, фатен „жив“ од пазарните инспектори. Јавноста веднаш го осуди ова однесување, а тој, едноставно, немаш каде, па призна дека ги прекршил протоколите за заштита од ширењето на коронавирусот. Сите негови дополнителни објаснувања и обиди, на сета вина, да го нападне системот, само покажуваат (уште еднаш) дека е убеден дека законите за него не важат, дека е над законите. Покажуваат и некои други работи, ама ајде, ќе го поштедиме овој пат од тоа.

Сопственикот на кафеаната кој му пружил противзаконско гостопримство на Мицкоски и неговата мускулеста придружба доби кривична пријава. Ако сите се еднакви пред законот, откако Мицкоски, по бегството, призна каде бил и што сторил, не останува ништо друго освен надлежните да му поднесат пријава за кривично дело против здравјето на луѓето, според член 206 од Кривичниот законик, што може да значи и затворска казна до една година.

Член 206, став 1 од КЗ е јасен: „Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

Понатаму, во вториот став од истиот член стои дека ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна. Тоа е казната која му следува на угостителскиот објект во кој Мицкоски и дружината биле неколку часа, а притоа и грубо ја попречиле работата на пазарните инспектори. Тоа, секако, може да биде предмет и на дополнителни законски санкции.

Смешни и провидни се изговорите на Мицкоски преку социјалните мрежи, откако побегна(!), веројатно во надеж дека нема да останат доволно докази за неговото грубо кршење на законот. Вели дека не ги знаел владините мерки за спречување на вирусот, па од невнимание седнал внатре. Бре!

Тој и неговата партија секојдневно ги напаѓаат мерките на владата во чиј состав е и неговата партија. Одеднаш, Мицкоски не ги знае мерките? Па како критикува нешто што не знае? Мора да одлучи – или ги познава мерките и ги критикува или не ги знае (што е срамота) и треба да се информира. Писмен човек е, со одговорна функција во голема политичка партија и има одговорни општествени позиции (универзитетски професор, бизнисмен итн.), срамота е да покаже толку ниско ниво на информираност. Нели?

До сега, ова е втор докажан случај на противзаконско однесување на Мицкоски. Претходно изби скандалот со неговите редовни посети на теретаната во време на забрана – случај „Теретана“, со „отсјај“, би додале. И со овој, најнов, обелоденет случај, Мицкоски како да сака да даде до знаење дека не му е грижа за јавното здравје.

Јавноста веќе добро знае дека МВР, чиј министер е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ни оддалеку не постапува навремено и целосно во спроведувањето на мерките за заштита од ширењето на коронавирусот.

Неизбежно се наметнува ВПЕЧАТОКОТ (не тврдам) дека ВМРО-ДПМНЕ, не само што не придонесува кон намалување на бројот на заразени од коронавирусот, туку изгледа како да работи на тоа тој број да се зголемува. Без оглед на тоа колку ова е впечаток, па и само обична шпекулација, добро е да се потсетиме на позициите на Мицкоски и неговата партија во однос на датумот за предвремени избори. Мицкоски цело време се обидува да избега од предвремените парламентарни избори. Стратегијата на партијата се наѕира во обидите да се предизвика политичка криза во чие решавање ќе учествуваат тие, преку посредувани преговори, а не преку изразената волја на гласачите. Нешто како ново „Пржино“.

Напоменувам, ставот дека изгледа како ВМРО-ДПМНЕ да работи на зголемување на бројот на заразени од коронавирусот е само впечаток! Искрено, не сакам да поверувам во тоа и се надевам дека, сепак, се работи за ароганција, неодговорност и неспособност, а дека таков план не постои. Тоа веќе би било премногу сериозно и многу опасно. (И на душегрижниците уште еднаш да им укажам дека ова е личен став и вредносен суд.)

Да се вратиме на „боемот“ Мицкоски. Неговото однесување, иако може некого и да насмее, сепак, претставува сериозно и континуирано кршење на законот. Мицкоски е неодговорен и е лош пример за граѓанките и граѓаните кои решиле да му ја подарат својата доверба. Затоа, добро е да се потсетат институциите уште еднаш дека законот мора да важи за сите и дека јасно пропишаните законски санкции треба да важат и за Мицкоски, за и овој случај да не се претвори во отворен повик и поттик за кршење на законот, а со тоа и опасно загрозување на јавното здравје.

 


Коментарот е подготвен во соработка со надворешни соработници (правници).

Текстот е личен став на авторот и не ги одразува ставовите на Редакцијата, односно било кое друго правно лице во релација со авторот.

Сите права се задржани.  ЛИНК; Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ