• Latest

Дали некој знае колкав е имотот на РСМ?

August 14, 2019

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Дали некој знае колкав е имотот на РСМ?

August 14, 2019 12:52
in АНАЛИЗИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Неодамна бројот на министерства беше зголемен со уште едно министерство со што нашата држава се нареди меѓу европските земји со најмногу министерства! Со новото Министерство за политички систем, Република Македонија (по ново РСМ) ќе открива „топла вода“ и ќе ги надградува политичките и правните науки, а, се со цел унапредување на еден сменет министер во потпретседател на Владата!

Повикувајќи се на искуствата на Полска и Хрватска, во повеќе наврати апелирав и нашата држава да формира министерство за државен имот, но, македонските власти, очигледно не се заинтересирани за воведување ред со имотот на државата!? Познато е дека државниот имот има мошне важна улога во формирањето на државниот буџет, кој, покрај со приходите од државниот имот, се полни со даноци, царини, такси и слични приходи. Од буџетот, пак, се финансира изградбата на капитални објекти и се исплатуваат плати на администрацијата, пензии и слични давачки.

Во овој напис ќе се осврнам на државниот имот и на приходите од истиот. Нималку не е случајно тоа што во демократските земји со пазарна економија големо внимание се посветува токму на државниот имот. Во Полска и Хрватска постојат посебни министерства за државен имот. Во Македонија, за жал, не постои институција која би требало да направи инвентар на државниот имот и да води сметка со приходите од истиот да го „храни“ државниот буџет. Македонските власти кои дојдоа по смената на системот, транзицијата ја разбраа како шанса за разнебитување на државниот имот и за задоволување на нивните лични интереси! Посебно голема неодговорност покажаа кон станбениот фонд, кој беше изграден во времето на социјализмот! На почетокот на транзицијата се пристапи кон приватизација на станбениот фонд, која се одвиваше во неколку фази. Најнапред се приватизираа вилите на Водно кои ги користеа функционери во времето на комунизмот. Вилите без земјиштето, односно без огромните дворови беа „продавани“ на нивните корисници по цена од неколку илјади германски марки! Согласно некои сознанија цените на вилите се движеле максимално до 10 илјади ГМ!? Подоцна беше донесен посебен закон со кој сопствениците на вилите им овозможуваше да го купат и земјиштето по цена од 1 ГМ за 1 квадратен метар! Откако го купија земјиштето, неговите сопственици по комерцијални цени продаваа делови од истото и на тој начин се стекнуваа со огромни профити! Во втората фаза на приватизацијата на станбениот фонд, се приватизираа тн. општествени станови по цена која беше повисока од цената на вилите на Водно! Во третата фаза се приватизираа становите што беа изградени од претпријатијата за нивните работници. Иако државата немаше каков било удел во градбата на овие општествени станови и тие  се продаваа по повисоки цени од оние што ги плаќаа сопствениците на вилите на Водно!?

Слично сценарио беше применето и при приватизацијата на деловниот простор. Највредниот деловен простор  беше разграбен по багателни цени од страна на политичките моќници и од луѓе блиски до нив. Дали некој во Државата знае колкав деловен простор има во нашата држава, кои се сопствениците што го користат истиот, колкави приходи остваруваат од изнајмувањето или од користењето на деловниот простор  и колку данок плаќаат на приходите од него? Сите досегашни власти во нашата држава имаа патерналистички однос кон плутократијата и главниот товар го товареа на грбот на осиромашените македонски граѓани, вклучувајќи ги и оние кои немаат пари ни за леб, а камоли за чоколада!

Познато е дека кириите за изнајмување на становите и деловниот простор во развиените капиталистички земји се мошне високи и се главна ставка во вкупните трошоци на вработените и пензионерите! Нималку не е случајно што овие земји посветуваат големо внимание на станбениот и деловниот простор, а посебно на приходите од истиот. Во богатата Швајцарија само околу 30% од станбениот фонд е во приватна сопственост, додека 70% е во сопственост на швајцарската држава! Со високите кирии, државата води грижа и за редовно одржување на зградите (фасадите, инсталациите, лифтовите и сл.).

Приватизацијата на воените станови е посебна тема, за која во некоја друга пригода. Крајно апсурдна беше одлуката на македонското раководство да не дозволува замена на општествените станови кои македонските граѓани ги стекнале во другите југословенски републики со воени станови на припадници на ЈНА кои си заминаа од Македонија!

Со ваквата приватизација на станбениот и деловниот простор беше нанесена голема штета на финансискиот потенцијал на државата! Во сопственост на државата беше задржан сосем мал број станови кои беа прогласени за службени станови за кои никој не се грижи. Кириите на овие станови се минимални или корисниците воопшто не плаќаат кирија. Како корисници на службените станови се јавуваат високи државни чиновници на кои мндатот им истекол пред повеќе од една деценија, а за новите чиновници државата изнајмува станови со високи кирии!

Имајќи предвид дека во последно време нашата земја ја напуштаат се поголем број претежно млади луѓе, меѓу кои и талентирани кадри за пооделни области, сериозно се наметнува прашањето за преземање на мерки за нивното задржувње во државата. Добро би било Владата да размисли за станбена политика со која на ваквите кадри би им се доделувале станови, со можност, по нивното вработување,  истите да ги откупат по поволни услови, бескаматни кредити на долг рок и слични бенефиции.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share15TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ