• Latest
Џелал Хоџиќ

Дали ВМРО – ДПМНЕ ги споделува антицивилизациските ставови на Иван Стоиљковиќ?

April 17, 2024
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Дали ВМРО – ДПМНЕ ги споделува антицивилизациските ставови на Иван Стоиљковиќ?

April 17, 2024 11:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Веќе подолг период Иван Стоиљковиќ, коалициски партнер на ДПМНЕ, во јавноста изнесува ставови кои се проблематични во едно општество, кое себе си се нарекува демократско и претставуваат еден антицивилизациски чин. Последниот скандалозен став во низата е вчерашниот  на Стоиљковиќ со кој повторно го релативизира геноцидот во Сребреница. Ништо ново, посебно ако ги земете неговите ставови и за агресијата на Русија врз Украина, како и неговите ставови на линија политиката на Додик и Вулин, за промена на границите на државите на Западен Балкан, се вели во соопштението на СДА Македонија.

Никој одамна не очекува дека Иван Стоиљковиќ може да изгради позиции врз основа на демократски вредности и фактографија на меѓународни судови. Она што се поставува како главно прашање е: Дали ВМРО – ДПМНЕ, како стожерна партија во коалицијата со Иван Стоиљковиќ, ги споделува неговите антицивилизациски позиции? Кој се позициите на Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска Давкова за резолуцијата за Сребреница во ОН, а за која нашето МНР вчера објави и дека Северна Македонија ќе биде коспонзор, заедно со САД и Германија?

Геноцидот во Сребреница е факт. Негирањето на геноцидот е неприфатливо во едно демократско општество и претставува антицивилизациски чин. Геноцидот во Сребреница беше потврден со судска пресуда на меѓународниот суд во Хаг, како единствен геноцид на европско тло по Втората светска војна.

Уште на 4 февруари 2010 година, Собранието на Северна Македонија усвои декларација за поддршка на Резолуцијата за сребреница на Европскиот парламент. Декларацијата го осудува геноцидот над повеќе од 8000 Бошњаци од овој босански град. Оваа дебата која се обидува да ја отвори Стоиљковиќ околу релативизирањето на геноцидот во Сребреница е завршена уште во 2010 година, кога мнозинство во парламентот на Македонија имало ВМРО-ДПМНЕ. Европскиот парламент уште порано го прогласи 11 јули за ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Геноцидот во Сребреница веќе е дел од институционалната меморија на ЕУ, САД, Канада, Велика Британија, Германија… на сите држави каде демократските вредности и почитувањето на човековите права е составен дел од нивните системи, а сега останува да се заокружи и во ОН, на почеток на следниот месец.

 Институционализирано сеќавање на жртвите од геноцидот на Сребреница е важно затоа што уште постојат радикални иделогии и деструктивни политики, кои го негираат геноцидот. Негирањето на геноцидот е последна фаза на самиот геноцид. Оние кои го негираат геноцидот даваат свој труд во злосторството кое го смислиле и реализирале најболните умови. Важно е да се сеќаваме за на никого да не му се случи геноцид повторно.

Затоа ја повикуваме јавноста да постави прашања до ВМРО- ДПМНЕ, Мицкоски и Гордана Силјановска Давкова, дали како стожерна партија од коалицијата ги споделуваат антицивилизациските позиции со Иван Стоиљковиќ, се вели во соопштението на партијата.

Прочитајте и:

За коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Стоилковиќ, геноцидот во Сребреница е некрофилски дизниленд

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ