• Latest

Дамева: Не треба да има колективна, туку индивидуална одговорност и таа да биде точно детектирана и санкционирана

July 3, 2024
Фото: Скриншот од видео објавено од Вилодимир Зеленски на Х

(ВИДЕО) Најмалку 10 убиени, 48 повредени во масивен руски ракетен напад на Кијив

August 28, 2025
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дамева: Не треба да има колективна, туку индивидуална одговорност и таа да биде точно детектирана и санкционирана

July 3, 2024 14:39
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска во врска со најавите за распуштање на Советот и реформи во делот на изборот на неговите членови, рече дека не ја поддржува тезата на колективна одговорност. На денешната Конференција за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет, Дамева посочи дека одговорноста треба да биде детектирана и санкционирана индивидуално.

– Како правник пред сѐ, не ја поддржувам тезата на колективна одговорност, сепак мојот личен став е дека треба да има индивидуална одговорност и таа да биде точно детектирана и санкционирана. Секоја одговорност има име и презиме, нека се детектира и секој нека си сноси индивидуална санкција, ако нешто сторил противзаконски, го нарушил угледот и интегритетот на Судскиот совет, донел одлука под влијание на разни емоции и слично, рече Дамева.

Укажа на некои последици доколку биде донесен нов Закон за Судски совет. Таа вели во периодот од распуштање до конституирање на нов Судски совет ќе настане еден вакуум период, во кој постои опасност да застарат некои дела.

– Ако се оди на принципот на распуштање на Судскиот совет, јас се надевам дека пред сѐ ќе се почитува Уставот, а тој е јасен. Ако се размислува со промена на овој закон за Судски совет или донесување на нов Закон на Судски совет, немам сомнеж дека ќе биде во согласност со Уставот, но сакам да укажам дека ќе има одредени последици. Во период од распуштање на Судски совет до конституирање на нов Судски совет ќе настане еден вакуум период, кој иако би бил краток од неколку месеци, сепак постои опасност да застарат одредени постапки, иницирани од граѓани за несовесно постапување на одредени судии, рече Дамева.

Доколку тие постапки запрат, Дамева вели би настанало слична ситуација како со измените на Кривичниот законик каде голем број на обвинети беа амнестирани.

– На граѓаните не им е важно кои се членовите на Судскиот совет, не им е важно кој е претседател на Судски совет, не е важно што дискутираат на седници. На граѓаните им е важно Судскиот совет да постапува во рамки на неговата надлежност и кој судија останува во судницата. Ако тие постапки се запрат и на некој начин се амнестираат оние нестручни и несовесни судии, за кои што не можам да преjудицирам дали во текот на овие постапки исходот ќе биде на сите одговорност, во тој случај правдата нема да биде на страна на граѓаните. Тоа би било слична ситуација кога беа донесени измените на Кривичниот законик, каде огромен број на обвинети беа амнестирани. Не би сакала тоа да се случи и должна сум да укажам дека при донесување на нов закон треба да се внимава на последиците, рече Дамева.

Истакна дека Советот веќе има отпочнато со реформскиот процес во насока на имплементација на препораките од Оценската мисија на ЕУ и е решен да успее во процесите кои што се во негова надлежност. Судскиот совет и самиот веќе има отпочнато да се реформира, додава Дамева, посочувајќи дека од минатиот месец тој има двајца нови членови, додека до крајот на годината Советот ќе има уште тројца нови членови.

– Судскиот совет веќе отпочна сериозно со реформскиот процес во насока на имплементација на препораките на Извештајот на Оценската мисија на Европската унија и решени сме цврсто да успееме во оние процеси коишто се во наша надлежност да ги имплементираме час поскоро. Судскиот совет персонално отпочна да се реформира, бидејќи од минатиот месец Судскиот совет има двајца нови членови, во септември има промена на уште еден член и до крајот на годината уште два члена, што значи до крајот на годината речиси помалку од половина ќе биде променет составот на Судскиот совет, рече Дамева.

Во врска со најавеното распуштање на Судскиот совет, Дамева нагласи дека не треба да има колективна, туку индивидуална одговорност која точно ќе биде детектирана и санкционирана.

Фото: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ