• Latest

Даночна реформа – што ќе значи таа за “џебот” на граѓаните?

August 23, 2022

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Даночна реформа – што ќе значи таа за “џебот” на граѓаните?

August 23, 2022 10:40
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако ја прашате власта – даноците нема да се зголемуваат, туку ќе се прошири даночната основа. Ако ги прашате економистите и фирмите – најавената даночна реформа ќе донесе нов “товар” на грбот на приватниот сектор. Порталб.мк преку ставови на економисти, бизнисмени, даночни експерти, невладини организации ќе анализира каков ефект ќе има најавениот нов даночен модел – кој ќе добие а кој ќе изгуби со реформите, веќе извесни дека стартуваат етапно, но првиот чекор ќе се направи на 1-ви јануари 2023 година.

Данок за штедачите…

Еден од предлозите како дел од даночната реформа е воведување на данок за каматите на штедните влогови орочени над една година. Ваквото решение според експертите е “меч со две острици” во период кога каматите за штедење се минимални, па дури и беа негативни, што беше една од причините за забавување на штедењето. Сега кога се прават обиди за стимулирање на штедењето, особено во услови на инфлација, се најавува мерка која повторно може да ги дестимулира граѓаните и фирмите парите да ги чуваат во банките.

Еве кои се ставовите на експертите во однос на овој најавен нов данок:

„Оданочувањето на штедните влогови драстично ќе придонесе кон демотивација на граѓаните па и на фирмите кон негување на практиката за штедење по банките, а тоа ќе значи помалку ликвидни и евтини финансиски средства за комерцијалните банки. Од друга страна, самото оданочување на штедните влогови ќе направи луѓето да се вратат на старите навики, кога парите ги чуваа под перница, а тоа значи мотивација и на сива економија, бидејки кеш плаќањето ќе биде поголемо споредбено со целите на Народната банка, па и на Министерството за финансии, плаќањето да биде сè повеќе и повеќе преку платежни картички или на електронски начин“, вели економистот Арбен Халили.

„Планираното оданочување на каматите од орочените депозити над една година ќе делува дестимулативно врз домашното штедење. Имено, штедењето секако е неисплатливо во услови на висока инфлација, а оданочувањето на ниските камати ќе го зголеми чувството на граѓаните дека не е добар потег долгорочното штедење во домашните банки“, вели даночниот експерт Павле Гацов.

„Даночна реформа да, но во друга насока. Оданочување на штедните влогови ќе предизвика пад на штедењето, со што ќе предизвика пад на кредитниот потенцијал на банките. И без оданочување на штедните влогови штедењето ќе опадне, поради високата стапка на инфлација, која ги топи депозитите. Високата стапка на инфлација кај нас и во еврозоната предизвика не само намалување на штедењето, тешко дека ќе се одлучат за конверзија на денарските заштеди во евра. Тие што имаат заштеди веројатно ќе се одлучат на купување на недвижности. Наместо оданочување на заштедите, со даночните реформи треба да се пристапи кон оданочување на профитот на банките според методот на прогресивно оданочување. Оданочувањето на штедните влогови нема да има скоро никаков финансиски-фискален ефект, а ќе има негативни импликации (повлекување на заштедите)“, вели универзитетскиот професор Сами Бислими.

Зелен данок, стеснување на листата на повластени со 5% ДДВ 

Во нацрт-концептот за даночна реформа се предвидува и стеснување на листата на производи и услуги со повластена даночна стапка од 5% – ова по автоматизам значи зголемување на ДДВ кај таа група на производи, директен данок кој го плаќаат граѓаните и фирмите. Сега на “повластената” листа се наоѓаат поголем број на суровини за земјоделско производство, но и производи како што се одреден вид на машини, компјутери, медицинска опрема, како и превоз на патници.

Едно од предложение решенија се даночни измени во областите од акцизата и зелено оданочување – кои секако ќе бидат на товар на граѓаните и на фирмите. Според власта, со овој дел од даночната реформа е таргетирана заштитата на човековата околина. Зеленото оданочување спoред најавите ќе се однесува на стимулирање на даночните обврзници да го намалат загадувањето на животната средина. Според Стратегијата за реформи на даноци, ова значи зголемување на коефициентот за оданочување по CO 2 – односно раст на данокот.

Уште едно предлог решение со кое ќе бидат засегнати граѓаните – оданочување на капитални добивки.

„Почетокот на примената на оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност и удели во инвестициски фондови мора да биде поврзано со софтверско решение според кое данокот ќе се пресметува, задржува и плаќа од страна на брокерските куќи и друштвата за управување со инвестициски фондови, кои впрочем ги имаат двете потребни информации за формирање на даночната основа на која се применува даночната стапка: набавната цена и цената на продажбата на ХВ, односно уделот“, вели даночниот експерт Гацов.

Во следните продолженија, Порталб.мк ќе анализира што ќе значи даночната реформа при воведување на даноци за вработени хонорарци и за фирмите кои ги исплаќаат, дали реформата ќе ја постигне целта – зајакнување на економијата преку сузбивање на неформалниот (сив) сектор.

извор: МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ