Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Русија ја продолжува својата војна против Украина со поддршка од Иран, Северна Кореја и Кина.
„Подготвени сме да продолжиме да ја поддржуваме Украина. Ова значи повеќе оружје, повеќе муниција и повеќе санкции“, изјави таа на прес-конференција.
Вие ја покажавте вашата подготвеност да преговарате со Русија. Путин, пак, не покажа таква намера. Тој прави сè за да покаже дека наводно сака преговори, но ја продолжува крвавата војна во Украина, истакна шефицата на данската влада Мете Фредериксен за време на заедничкиот брифинг со претседателот Володимир Зеленски, пишува UNN.
Премиерката додаде дека Путин не ги запира непријателствата, имајќи ја поддршката од Иран, Белорусија, Северна Кореја и Кина.
Не верувам дека може да му се верува. Ако сакаше, можеше да ја запре оваа војна денес. Наместо тоа, тој ја продолжува војната со поддршка од Иран, Белорусија, Северна Кореја. Исто така, со поддршка на Кина, изјави Фредериксен.
Претседателот Володимир Зеленски извести дека Украина се договорила за основа за понатамошни контакти со учесниците во коалицијата на волните во врска со вистинската содржина на безбедносните гаранции за Украина.
Д. Мишев