• Latest

Даштевски: ДИК може да ги спроведе и локалните и вонредните парламентарни избори ако се договорат партиите

February 11, 2021
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Даштевски: ДИК може да ги спроведе и локалните и вонредните парламентарни избори ако се договорат партиите

February 11, 2021 08:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако се договорат политичките партии, ДИК паралелно може да ги спроведе двата процеса – и редовните локални и вонредните парламентарни избори, рече вчера претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Тоа, оцени Даштевски, би ги скратило и трошоците.

– Мислам дека ДИК би имала капацитет да ги спроведе и локалните и предвремените парламентарни избори, доколку партиите се договорат, рече Даштевски во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Тој откри дека кај некои од членовите на ДИК се јавуваат сомнежи дали навреме ќе се набави потребната опрема за скенирање отпечаток од прст, како што налага Изборниот законик. Сепак, Даштевски се надева, како што рече, дека има уште седум месеци дотогаш, што е доволно време, но во целиот процес ќе мора да помогнат и максимално да се анагажираат сите органи на државата.

Даштевски денеска разговарал и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој изразил подготвеност идната недела да се сретнат и да продискутираат околу ова прашање и неговата реализација.

Законот, напомена Даштевски, не дава алтернатива, ќе мора да се исполнат сите услови за одржување на локалните избори, вклучувајќи ја и набавката на скенерите.

– Законот не дава алтернатива, нема таква можност. Мора да се спроведат одлуките до крај, но цела држава треба да се ангажира. Избори мора да има, а средства за опремата се побарани уште во септември лани. На првата седница на ДИК потоа, се донесе одлука да се побараат средства. За таа одлука чекавме две недели и денеска добивме одговор дека, доколку ДИК може да ги спроведе изборите, тогаш ќе се одобрат средства, што за мене е нејасна одлука зашто согласно членот 25 од Изборниот законик, сите државни органи, Собранието, министерствата за правда, за внатрешни работи, за информатичко општество, Државниот завод за статистика, локалната самоуправа, се должни да му ги обезбедат сите услови на Собранието, објасни претседателот на ДИК.

Даштевски на денешната седница предложил ДИК да се обрати и до Владата, но предлогот бил одбиен.

– Сепак, сметам дека ќе успееме да се договориме. Во неофицијалните разговори со колегите, дојдов до заклучок дека тие се сомневаат дали ќе можеме да ја исполниме таа обврска, но немаме алтернатива, Законот тоа не го пропишува, туку вели дека мора да се реализираат сите постапки за изборите. Се надевам дека има време,  седум месеци се во прашање за да се набави опремата и да се инсталира. Се надевам дека сите членови на ДИК ќе најдеме сили да го завршиме овој дел од обврската зашто нема друга алтернатива, Законот мора да се спроведе, повтори Даштевски.

За набавката на скенерите веќе е контактирано со некои странски компании, а можно е, опремата и да се изнајми, но многу е важно, како што рече Даштевски, таа да биде блиска со опремата во МВР.

– На средбата со Спасовки ќе утврдиме детали, но и со Државниот завод за статистика, истакна првиот човек на ДИК.

Според него, добро тече работата во однос на Избирачкиот список.

-Избирачкиот список четири пати годишно се ажурира, на секои три месеци. Најновата состојба е дека за неколку илјади е намален. Така ќе биде до изборите и сметам дека тој дел ќе биде добро завршен, информира Даштевски.

За софтверот кој беше хакиран на претходните избори, претседателот на ДИК рече дека истрагата е во тек.

– Дел од истрагата е завршен во МВР, а дел продолжува во Јавното обвинителство, тешко може да се утврди од каде дојде нападот, но тој што го направил веројатно е врвен професионалец и е од страна. Сметам дека органите ќе си ја завршат својата работа, рече Даштевски.

Инаку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара да се одржат вонредни парламентарни избори, додека лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев го отфрли овој предлог и истакна дека нема да се одржат предвремени парламентарни избори.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ