Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, меѓу другото, во оценката на изборниот процес, изјави:
„Изборите беа поразлични од сите претходни, бидејќи пред сите нас имаше поинаква задача – успешно воведување на технологија за биометриска идентификација на гласачите. ДИК и сите чинители беа исправен пред голем предизвик. Оваа законска обврска, за воведување биометриска технологија за првпат, претставуваше голема привилегија, но и голема одговорност. Употреба на биометриските системи во изборните процеси овозможува да се пресретнат предизвиците вклучени во спроведување на принципот еден гласач еден глас, што е неопходно за одржување демократски, фер и транспарентни избори.“
Даштевски ја даде оваа изјава на денешната прес-конференција на ДИК за резултатите од изборите (1 ноември). Во текот на изборниот ден во првиот и во вториот изборен круг, ЦИВИЛ објави дека голем број гласачи се соочиле со проблеми со уредите, што е спротивно на тврдењата на првиот човек на ДИК.
РЦМ