• Latest

Дебата на слободата во Куманово

September 2, 2016

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Дебата на слободата во Куманово

September 2, 2016 23:02
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Уметничкото творештво низ песната на поетот, на пејачот и ликовната творба на сликарот примарно ја артикулира уметничката, а потоа општествената потреба за слобода. Цензурата во Македонија е евидентна, но одговорноста на уметниците и интелектуалците доаѓа до израз токму во вакви времиња. 

Дебата „Македонија, со или без слобода“ (од десно на лево): Петрит Сарачини, Тони Зен, Елена Пренџова, Џабир Дерала

Дебата „Македонија, со или без слобода“ (од десно на лево): Петрит Сарачини, Тони Зен, Елена Пренџова, Џабир Дерала

Улогата и одговорноста на уметниците во услови на континуирано гушење на слободата на изразувањето и кршењето на човековите права и слободи беше главното прашање на дебатата „Македонија, со или без слобода“ на Караванот на слободата во Куманово, на која учество зедоа музичарот Тони Зен, поетесата Елена Пренџова и новинарот, музичар и граѓански активист Петрит Сарачини. Модератор на оваа дебата беше Џабир Дерала, кој на почетокот го цитираше Џорџ Орвел „Во време на масовна измама, кажувањето на вистината е херојски чин“ и ги претстави алармантните состојби во македонското општество.

 

Елена Пренџова
Елена Пренџова

За поетесата Елена Пренџова битна е социјалната димензија на македонското нехумано општество, во кое граѓаните се или невработени, или работат за многу ниски плати, колку да ги намират елементарните трошоци. Досега не се соочила со директна и отворена цензура во нејзиното творештво и јавни настапи. Таа говореше за моќта на зборот, како оружје на духот кое предизвикува конструктивни промени, но само тогаш, кога ќе допре до јавноста. „Уметничката сцена е арена во која ние сите треба да се бориме со силен уметнички глас“, рече Пренџова.

Тони Зен
Тони Зен

Тони Зен се осврна на медиумската цензура на неговото творештво. Но, тоа воопшто не е пречка, тој и натаму да продолжи да твори и да ги пренесува пораките до своите фанови, преку содржината на неговите раперски песни, поезија со музички ритам.

„Инспирацијата ја црпам од самото постоење, животот, свеста која го искусува ‘сега’. Тоа што сум, постојам, спознавањето, искуствата, пишувањето песни… А, благодарение на новата технологија, има можност секој да си го пронајде патот. Сум рекол дека нема да се цензурирам, но испадна дека вистината во моите песни, повеќе ја разбираат повозрасните. Јас се повлеков, не дека имало нешто толку санкции кон Тони Зен, но имаше национална телевизија од каде ми рекле, дека моите песни не може да се емитуваат, зашто не се во нивниот концепт. Темата „Под контрола“, беше цензурирана, но тоа не беше пречка да допре до публиката“, рече Зен.

Петрит Сарачини
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини говореше за улогата на граѓанскиот активизам, за допирните точки меѓу уметноста, неговиот ангажман како медиумски експерт и новинар и активизмот.

„Колку повеќе недостигаат слободите во општеството, толку новинарот му се приближува на активизмот. Тогаш активизмот станува некаков егзил од големите медиуми, па новинарите го работат новинарството во друга форма. Во услови каде државата е окупирана од партиите на власт, каде уметноста, економијата, здравството, сите сегменти се опфатени од владејачките партии тогаш се очекува, многу луѓе кои работат во овие сектори да излезат надвор, на протести, на кои ги бараат своите права. Зашто кога институциите и општеството не им обезбедува слобода, тогаш тие сами доаѓаат на патот на слободата“, рече Сарачини.

Анализирајќи ја улогата на уметноста на патот кон заштитата и враќањето на слободата како фундаментално човеково право тој смета дека ниту една цензура во општеството, не може да ја запре уметноста.

„Доколку уметноста е добра таа како игла ке си го најде својот простор кај медиумите и граѓаните,ако не е добра, таа ќе остане на исто ниво, без оглед колку ќе ја шетате по пифтијади, по сармијади…“, оцени Сарачини.

fcp debata kumanovo

Во преполната сала во зградата на Комитетот на Куманово која општинските власти љубезно ја отстапија за потребите на ЦИВИЛ, се разви жива дискусија. Присутните ја нагласија потребата од вакви настани, посветени на актуелните теми, случувања и настани во македонската сложена општествено-политичка реалност.

„ЦИВИЛ влегува во сржта на настаните од актуелната македонска реалност, а овие дебати се повеќе од потребни за сите граѓани, но најмногу за новите, млади генерации“, констатираше еден од учесниците на дебатата.

Моника Талеска

Tags: дебатаКараван на слободатаМакедонијапубликауметностцензураЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ