Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претставниците на Министерството за труд и социјална политика, Душан Томшиќ и Вангел Тркаљанов, Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, Куманово, Сандра Пешевска Мицковска, активистка за правата на лицата со попреченост и Џабир Дерала, ЦИВИЛ, ќе говорат за (не)прифатеноста на лицата со попреченост во општеството.
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, ЦИВИЛ организира панел дискусијата под наслов „Рампа“, посветена на (не)прифатеноста на лицата со попреченост во општеството, како и на процесите за деинституционализација и пристапноста до услугите од институциите на локално и на национално ниво. Панелот ќе се одржи утре, 3 декември, во Музеј на Град Скопје со почеток во 12 часот.
Целта на овој ден е да се зголеми јавната свест, разбирање и прифаќање на лицата со попреченост, а ЦИВИЛ додава и апел и барање за подеднаков третман, еднаковост и пред сè почитување на нивните човкеовите права и слободи.
Оваа година, ЦИВИЛ одбележува 20 години од основањето, време исполнето со искрена и посветена борба за човекови права и слободи. Имено, првиот проект и јавен настап на ЦИВИЛ пред 20 години е поврзан токму со човековите права на лицата со попреченост, како и со поставување на првата пристапна рампа во јавна институција, а тоа беше Музејот на Град Скопје.
ЦИВИЛ Тим за комуникации