• Latest

Делегација предводена од директорот на БЈБ на Заедничкиот форум за соработка во седиштето на Европол во Хаг

January 31, 2024

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Делегација предводена од директорот на БЈБ на Заедничкиот форум за соработка во седиштето на Европол во Хаг

January 31, 2024 10:49
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ)  Сашо Тасевски вчера и денеска во седиштето на Европол во Хаг  учествуваше на Заедничкиот форум за стратешка соработка кој се организира во рамките на  проектите „Зајакнување на стратешката и оперативната соработка во земјите од Источното партнерство за борба против организираниот криминал (TOPCOP)“ и „Партнерство против криминалот и тероризмот (CEPOL WB PaCT)“ што се имплементираат преку ЦЕПОЛ-Агенцијата на Европската Унија.

Како што соопшти МВР,  целта на форумот е да го обедини управувањето со институциите за спроведување на законот кои ги покриваат оперативните и обучувачките единици од регионите на Источна Азија и Западен Балкан.

-Настанот  понуди можност за  дијалог, споделување добри практики и зајакнување колективни напори против сериозниот и организиран криминал. Дизајниран е да се разгледаат предизвиците што ги носи организираниот криминал во неговите сложени и повеќеслојни карактеристики и да ја олесни координацијата на стратешкиот одговор преку поттикнување средина на соработка и размена на знаење, соопшти МВР.

Директорот на БЈБ Тасевски имаше излагање на првиот ден на пленарната сесија на форумот на тема од областа на борбата против криумчарењето на мигранти, при што ја истакна посветеноста и успешноста на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во напорите за сузбивање на овој феномен.

-Во своето обраќање тој истакна дека нашата држава вложува сериозни напори и посветеност во насока на успешна имплементација на постоечките реформи во областа на борбата против криумчарењето  мигранти, при што голем дел од националните закони се стандардизирани и хармонизирани со највисоките стандарди и документи од оваа област. Во борбата против криумчарењето мигранти, МВР заедно со останатите институции во Република Северна Македонија, работи максимално посветено во воспоставувањето ефикасен, координиран, синхронизиран и мултисекторски приод со цел спротивставување и на овој тип криминал, согледувајќи ги огромните негативни импликации од него, како по поединецот, така и по околината, наведува Министерството во соопштението.

На вториот ден на овој форум, Тасевски се осврна на реализираните проектни активности во рамките на регионалниот проект „Партнерство против криминалот и тероризмот (CEPOL WB PaCT)“,  финансиран со средства од Европската Унија, кој се имплементира во рамките на Министерството за внатрешни работи.

-Се заблагодари до проектниот тим и ЦЕПОЛ-Агенцијата на Европската Унија за успешно реализираните активности, при што ја потенцираше конципираноста на  овој проект со голем број  активности, како на внатрешно ниво, така и на регионално ниво, што дадоа свој голем придонес во делот на добивање знаења и искуства од голем спектар на теми поврзани со работата на Министерството за внатрешни работи, при што ги опфатија сите сегменти на криминалот и борбата против овој феномен, наведува МВР.

Во рамките на жЗаедничкиот форум за стратешка соработка, делегацијата предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност оствари и повеќе билатерални средби со претставници од меѓународните организации и делегации од земјите учесници во проектните активности.

Tags: БЈБМВР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ