Денес во Граѓанскиот суд во Скопје беше објавена пресудата по тужбата за клевета и навреда што Канал 5 и директорот Иван Мирчевски ја поднесоа против Насер Селмани, новинар и уредник, поранешен претседател на ЗНМ во два мандати, за неговата изјава и вредносен суд во интервју за ЦивилМедиа, објавено на 3 ноември 2023, ден по скандалот во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 во која гостуваше аналитичарот Исмет Рамадани. Да потсетиме, директорот Мирчевски се вклучи во емисијата и грубо го нападна Рамадани, му нареди да си замине од студиото и ја прекина програмата.
Според пресудата, судот делумно ја прифати тужбата на тужителот, со што тужениот Насер Селмани се прогласува за виновен за клевета, и се задолжува да објави извинување во еден дневен весник. Истовремено, се одбива тужбеното барање на тужителот за надомест за нанесена материјална штета како неоснована.
Адвокатот на тужениот најави жалба на пресудата веднаш жтом почне да тече рокот за истата, по пристигнување на пресудата по пошта.
На објавата на пресудата присуствуваше адвокатот на тужениот, како и претставници на ЗНМ и ЦивилМедиа, додека беше забележителни отсуството на тужителите и нивните претставници.
Драган Мишев