• Latest

Демократија е ова или панаѓур, панаѓур?

January 4, 2020

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Демократија е ова или панаѓур, панаѓур?

Според Уставот, оставката на претседателот на Владата и оставката на целата Влада не се основ за распуштање на Собранието. Според нашиот систем, ништо што прави Владата не може и не смее да влијае на Собранието, туку обратно.

January 4, 2020 08:08
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Според Уставот на Република Северна Македонија: „…Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.“ (член 2).

Во превод, тоа се пратениците во Собранието на државата. Не премиерот, не министрите, не претседателите на партиите, туку пратениците.

Според Уставот „Собранието на Република Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката.“ (член 61).

Во превод, највисок орган кој со донесување на правила на однесување (закони) ги воспоставува односите меѓу луѓето е Собранието. Не премиерот, не министрите, не претседателите на партиите.

Според член 62 од Уставот „Пратеникот не може да биде отповикан“, а „Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.“ (член 64).

Според членот 63 „Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.“

Според член 68 „Собранието избира Влада на Република Македонија“.

Ако е ова сето баш вака напишано во Уставот на државата, тогаш станува многу проблематичен членот 43 од Законот за Владата „Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на  претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го предлага најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство.“

Зошто:

  1. Според Уставот, оставката на претседателот на Владата и оставката на целата Влада не се основ за распуштање на Собранието. Според нашиот систем, ништо што прави Владата не може и не смее да влијае на Собранието, туку обратно.
  2. Законската одредба според којa „… по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници“ значи дека некој надвор од Собранието се договорил за престанок на мандатот на пратениците и му наредува на Собранието (она истото кое е носител на суверенитетот на граѓаните и чии членови не можат да бидат отповикани) дека мора да спроведе избори.

Во превод ова значи дека Владата му наредува на Собранието.

Уште попроблематично станува тоа дека претседателите на партиите се договориле кога ќе бидат наредните избори и пратениците (кои се експоненти на суверените граѓани) како мулиња мора да ги следат нивните договори и нивниот направен пазар.

И најпроблематично е тоа што во целата таа циркузијада никој не ги прашува граѓаните. Ниту еден претставник на граѓаните (пратеник) не ги консултира граѓаните дали сакаат или не да се распушти собранието (односно на кој начин најдобро ќе го заштити нивниот интерес оној кој тие го гласале и изгласале да ги претставува и да биде нивни глас во процесот на одлучување).

Според мене, или треба да се престане со оваа шарада и ќе овозможиме функционирање на демократијата, или треба да се направат коренити промени на Уставот на државата со кои ќе го промениме системот и ќе ја озакониме автократијата.

Шарадата може да биде запрена со тоа што Собранието ќе ја избере новата Влада и нема да се распушти, туку ќе си продолжи со работа сѐ до редовните избори, кога по силата на Уставот ќе бидат спроведени соодветните процедури.

Во спротивно, парламентарците веќе не се претставници на суверените граѓани, туку послушници на некој новосоздаден суверен во државата и според мене, отворено го прекршуваат Уставот.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    180 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ