Aко се погледне големата македонска партиска слика, летвичка за изборниот праг можеби би требало да се подигне дури повисоко од најавените два проценти. Впрочем, демократијата не е безгранична слобода, туку сплет од норми, правила, вредности. Па, доколку малите политички партии досега имаа големи идеи, веќе ќе прераснеа во големи и, наместо со децении само да се подметнуваат за некаков плурален демократски декор, ќе успееја да ја преземаат одговорноста за земјава. Од нив, меѓутоа, само едно големо ништо, освен, се разбира, некакви персонални клиентелистички привилегии како компензација за лојалноста спрема големите коалициски патрони.
Анализа на Зоран Иванов, „Меѓу паранојата, популизмот, попустливоста, клиентелизмот и Отворен Балкан“, објавена на 02 август 2021 година.
Рубриката ЦИТАТИ е простор каде што издвојуваме цитати од текстови, претежно објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Редакцијата е отворена кон сугестии од своите читателки и читатели. Содржините објавени во оваа рубрика се слободни за преземање од другите медиуми, под услови пропишани во лиценцата Creative Commons 4.0.