• Latest
Зоран Иванов

Меѓу паранојата, популизмот, попустливоста, клиентелизмот и Отворен Балкан

August 2, 2021
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Меѓу паранојата, популизмот, попустливоста, клиентелизмот и Отворен Балкан

Меѓупартиските дребулии како компензација за европските реформи

August 2, 2021 10:52
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов

Зоран Иванов

Share on FacebookShare on Twitter
  • И, да, точно е дека со перспективниот договор меѓу историски непомирливите балкански соседи, конечно почнуваат да страдаат национал-шовинистичките политики.
  • Излегува дека популистичката линија на помал отпор манифестирана и од партиска кујна на власта, е поконјуктурна отколку заморните битки со манипулациите за идентитетот.
  • Летвичка за изборниот праг можеби би требало да се подигне дури повисоко од најавените два проценти. 

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Мини Шенген или, помодерно, Отворен Балкан, потоа фарсата со собраниската Резолуција, па предизборната клоца за малите партии, па, понатаму, политичките амбиции на некои невладини и уште по некоја политичка акробација како, на пример, тегнењето уши на Калето, се само мал дел од мноштвото јулски зезанции од политички напатената држава. А меѓу бројните случувања, за европските реформи, ниту зуц.

Еве, најнајкусо, ова се дел од сегментите на овој текст за ЦИВИЛ МЕДИА, а како субјективен осврт на некои од досегашните позначајни настани во ова изгор лето.

Па, по ред.

ОТВОРЕН БАЛКАН

Таман нешто на поарно ќе се придвижи на овој немирен медитеранско-црноморски полуостров, одма мрмкања. Веднаш стравови, паранои за завери, за фатални мрачни конспирации. А всушност пак препознатливи и мошне јасно читливи реакции на проклетиот регионален националшовинизам кој балканските држави и народи, посебно од овој наш западен регион, изолиран и нагрден како најпримитивен балкански простор, со децении нѐ држи закотвени на европското дно. Те дека трилатералниот договор Заев-Вучиќ-Рама е компензација за ЕУ, те моќната српска економија ќе ја голтнела малата и ранлива македонска економија, те од каде сега Срби и Албанци под ист чадор, те како тоа без граници и царини меѓу држави со историски анимозитети и во некакви подрумски манири.

А авторите на ваквите реакции само за миг да помислат како тоа, доколку земјава веќе беше членка на ЕУ, македонската ќе се извлечеше од гигантите како германската, француската, холандската или шпанската економија, на пример. Како тоа опстојуваат здружените европски стопанства и како тоа досега економијата на една моќна земја членка не ја проголта економијата на друга економски понемоќна земја членка?

Но, камо среќа овој, засега само мал западнобалкански чекор, да профункционира и да ги избрише и границите и царините. И на иницијативата да ѝ се приклучат и другите, сега сѐ уште држави со инаетливи и недоверливи политички водства. Донекаде е и разбирливо што некои од соседите не сакаат коалиција со српскиот претседател, со човекот со тоталитарни манири, други можеби не ја сакаат дружбата и со прагматичниот ексцентрик, албанскиот, или пак со кооперативниот и препопустлив македонски премиер.

Сепак, засега стои фактот дека тројното меѓудржавно договарање нуди  каква таква проевропска перспектива. И дека тоа навестува придобивки за  граѓаните кои покрај удобностите од слободното безгранично движење, ќе ги почувствуваат и бенефитите со поевтинувањето на увозните артикли сега оптоварени со државните царински давачки. Значи, просто. Затоа, ајде порелаксирано со погледите спрема напред.

И, да, точно е дека со перспективниот договор меѓу историски непомирливите балкански соседи, конечно почнуваат да страдаат национал-шовинистичките политики и дека негативните реакции се контрастот на затворените умови наспроти иницијативите за отворање и на овие балкански простори.

Оттука, би било посакувано овој договор меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија да се гледа и низ призмата на неговата практична операционализација. И наместо со скепса, да му се пристапи со отворен оптимизам и на политиката и на академската и интелектуалната мисла, а со тоа и на целата балканска граѓанска јавност.

СОБРАНИСКА РЕЗОЛУЦИЈА

Па, вака, грубо, Резолуцијата е обичен памфлет. Продавање предизборни пуфки и форсирање политикантски национал „патриотизми“.

Прво, демек идејата е од „реномираните“ МАНУ, Универзитетот и МПЦ. Од некои вонинституционални маскирани единки во нив. Од одделни лапидарни џебови таму од каде што, наместо за реформи и за европски перспективи, ни се испраќаат деветнаесетто вековни националистички глупости. Но, проблемот со нивната ментална институционална атрофираност не е во анонимните, во конспиративните единки во МАНУ, во Универзитетот и во МПЦ, туку во молкот на другите таму за ступидните подбуцнувања на нивните тамошни колеги истопорени во служба, во евидентна колаборација со актуелната партиска опозиција.

Второ, инволвирањето и употребата на институциите МАНУ, Универзитетот и МПЦ како партиска алатка за собраниската Резолуција, а под бледите и неуверливи изговори „за зачувување на македонскиот идентитет загрозен од бугарската антимакедонска Декларација“, падна во вода во мигот кога зад неа застана водството на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив дури и оние кои до вчера павтаа со бугарски знамиња и кои со букви од бугарското писмо пропагираа реновирање на азбуката на „џуџето од Небрегово“.

Ете кои се перјаниците на идентитетската „патриотска“ Резолуција и кој тоа со памфлет се обидува ни го брани македонскиот национален идентитет. Тоа, па вие сега видете.

И, трето, факт е дека актуелните политички актери вгнездени во политичките партии на власт предводени од, нели, рационалниот и прагматичен СДСМ, подлегнаа на популистичката манипулација на опозицијата.

Наместо опозициските играрии со некаквите црвени линии, оттаму мораа да опстојат на историскиот факт дека Македонците својот идентитет го институционализираа и го забетонираа уште со создавањето на македонската државата на Илинден во 1944-тата година и да истраат во разобличувањето на мимикриите на иницијаторите.

Наместо тоа, излегува дека популистичката линија на помал отпор манифестирана и од партиска кујна на власта, е поконјуктурна отколку заморните битки со манипулациите за идентитетот и дека, во крајна линија, идеологиите, програмите и партиските принципи, сепак, подлегнуваат пред  предизборните амбиенти.

КЛОЦА ЗА МАЛИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

Во принцип да, некоректно е да се чепка по изборните закони пред избори. И уште понекоректно е големите да покажуваат мускулеста ароганција спрема таканаречените мали партии. Ама, аман. За грото од нив, навистина е доста. Го вулгаризираат сиот и политички и медиумски и јавен простор.

Цели две, три децении со разно разни финти и коалиции се шлепаат низ македонската плурална сцена. И не е проблемот во тоа што земјава е веројатно светски рекордер по бројот на политички партии по глава на жител, туку фактот што речиси ниту една од нив, од тој таканаречен идеолошки центар со минорно влијание, не порасна. Што конкурентно не загрозија ниту една од таканаречените големи партии кои на македонскиот политички простор, со одредени инклинации, доминираат веќе цели две, три децении. Ниту една од цел еден сноп џуџести партии кои минаа неброени, што редовни, што предвремени изборни циклуси, не успеа да се наметне како доминантен партиски фактор.

Ниту една. Како оние десните од грстот партии со префиксот „ВМРО“, така и она мноштво центристи со атрибутот „демократски“, така и оние на помалите етнички заедници. Сите тие, најголемиот број од нив, си останаа, од избори во избори, да се прпелкаат во сопствената партиска немоќ.

Оттука, ако се погледне големата македонска партиска слика, летвичка за изборниот праг можеби би требало да се подигне дури повисоко од најавените два проценти. Впрочем, демократијата не е безгранична слобода, туку сплет од норми, правила, вредности. Па, доколку малите политички партии досега имаа големи идеи, веќе ќе прераснеа во големи и, наместо со децении само да се подметнуваат за некаков плурален демократски декор, ќе успееја да ја преземаат одговорноста за земјава. Од нив, меѓутоа, само едно големо ништо, освен, се разбира, некакви персонални клиентелистички привилегии како компензација за лојалноста спрема големите коалициски патрони.

ПОЛИТИЧКИТЕ АМБИЦИИТЕ НА НЕВЛАДИНИТЕ

Убаво ова со иницијативите на некои граѓански активисти да влезат во политиката. Одвнатре да ги разбуричкаат вкоренетите бирократски и коруптивни состојби по институциите. И со својот проифилиран граѓански менталитет, побргу да го европеизираат македонскиот криминоген партиски простор.

Ваквите амбиции, меѓутоа, неминовно го наметнуваат и сомнежот дека, доколку во политиката се активираат и невладините, што тогаш ќе остане од авторитетот на граѓанскиот сектор кој широката јавност, колку толку, го доживува како совест на општеството и како уникатен коректор на политиката. Згора, која би била гаранцијата дека со инволвирање на граѓански активисти во политиката, посебно во власта, а таа расипува, нели, тие нема да се инфицираат туку ќе останат имуни на клиентелизмот и корупцијата?

Но, добро, нека одат. Нека се политизираат. Дури и нека се партизираат, па ќе видиме. Впрочем, најточните одговори секогаш ги дава времето?

КАЛЕТО

Седнати на канцелариската маса на која, барем во мигот што го регистрираа фоторепортерите и ТВ снимателите, ниту кафе, ниту вода. Наспроти соговорничката само четворица набусени муцуни со дланките на колена како ученици на рибање кај директорката за бегање од часови или поради искршено стакло на школскиот прозорец.

А всушност, на Калето, Американката им држи лекција за пристојно политичко однесување. Им го објаснува потписот на претседателот Бајден за Рамковниот и за Преспанскиот. За црвените линии и за црните листи.

Од опозициската партиска четворка ниту гук. Само мук.

ЏЕНТЛМЕНСТВО

И, за крај на текстот, за дилемата која незаслужено е маргинализирана од  македонската политика:

Сега, по последниот бугарски хир со евроблокадата врз земјава, Република Северна Македонија треба да покаже џентлменство и директно и силно да му порача на Брисел да не се вади на „пакетот“ туку веднаш да ја повика Република Албанија да ги почне преговорите со Унијата.

Ајде и на овој пример да го видиме  вистинското лице на актуелната ЕУ.

 


Текстот е личен став на Авторот.
Creative Commons 4.0

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ