• Latest
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025 21:12
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, ПОЛИТИКА
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Проф. д-р Оливер Андонов, кој предава по предметите Тактика на мировни операции, Национална безбедност и Методика на настава со пешадиско вооружување на катедрата за Безбедност и кризен менаџмент на Воената академија, преку Фејсбук објава се обрати до јавноста, особено до почитуваните колеги од академската заедница, во која соопшти дека денес поднел ПРЕТСТАВКА до Државниот Просветен Инспекторат при Министерството за Образование за избор на д-р Петар Богојевски во наставно-научно звање “насловен доцент” на Воената академија.

Претставката се однесува на спротивно на Законот за високо образование, Законот за работни односи, Статутот на Воената акадрмија и Правилникот за посебни услови за избор во наставно-научни звања на Универзитетот Гоце Делчев направен избор на д-р Петар Богојевски во наставно-научно звање “насловен доцент” на Воената академија Генерал Михаило Апостолски, објаснува Андонов.

Професорот Андонов потенцира дека оваа Претставка нема лична намера или тенденција за наштетување кон никого. Ниту кон кандидатот, ниту кон органите на управување на Воената академија ниту кон колегите од рецензентската комисија.

Според Андонов, претставката нема ниту политичка или некаква друга заднина и мотив, поради што замолува да не се толкува така.

Оваа Претсравка има за цел да ја разбуди јавноста, сите Вас, македонските граѓани, медиумите, колегире од академската заедница во Македонија и особено колегите од Воената академија, да ја разбуди совеста и одговорноста за иднината на нашата татковина Македонија, во врска со тоа што се случува во високото образование и да размислиме за тоа какви последици ќе имаме од ваквиот однос кон образованието а со тоа и иднината на нашите деца на идните генерации македонски граѓани, вели Андонов.

Андонов додава дека Воената академија е јавна високообразовна установа и единствена македонска високообразовна установа на која се школуваат офицери за потребите на македонската армија. Воената академија е единствената високошколска установа во Македонија на која треба да се развива автохтоната современа македонска војна мисла. За тоа да може да се реализира од интерес на сите наши граѓани, работата треба да се одвива пред се во согласност со Законите на Македонија.

Со против законито однесување, правење на упад и под разни притисоци преку невистинити податоци и со манипулации, вршење на против законити избори во наставно-научни и соработнички звања, покрај уривањето на угледот на Воената академија како регионална НАТО академија се урива и угледот на целокупното високо образование во Македонија. Посебно што со ваквите постапки се урива и угледот на Министерството за одбрана и македонската армија како составен дел од НАТО во сите области, вклучително и военото образование и подготовка на офицери за разни должности, вели Андонов во објавата.

Д. Мишев

 

 

 

Tags: Воена академија Генерал Михаило АпостолскиОливер Андоновпретставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ