• Latest
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025 20:43
in ВЕСТИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter
Во изминатиот период се појавија размислувања (во медиуми и јавни дискусии) за воведување на некаков вид на „данок за неженети лица“ – мерка која би ги „стимулирала“ браковите и наталитетот. На прв поглед, можеби некои ја гледаат како интересен предлог. Но да погледнеме малку подлабоко: оваа идеја е сѐ освен демократска!, пишува поранешниот заменик омбудсман Јован Андоновски во објава на Фексбук.

Од каде потекнува ваквата идеја?
Историски, вакви даноци постоеле во СССР и во Романија за време на Чаушеску – авторитарни режими кои сакале со присила да го зголемат наталитетот. Тие држави не воделе грижа за слободата на избор, за правата на поединецот, ниту за еднаквоста пред законот. Граѓаните биле „инструмент“ во државниот проект, а не слободни личности.
 Што е проблематично со ваквиот пристап денес?
Да се казнува некој со повисоки даноци затоа што не се оженил/омажил значи:
• мешање во приватниот живот на поединецот,
• дискриминација врз основа на брачен статус,
• игнорирање на социјалните, здравствени или лични причини поради кои некој не е во брак,
• исклучување на лица со различни животни стилови и ориентации, особено во држави каде што не се дозволени сите форми на брак
.
 Демократијата не се гради со принуда, туку со поддршка.
Ако сакаме повеќе млади семејства и деца, тогаш државата треба:
 -да обезбеди стабилна економија,
 -достапна грижа за деца,
 -олеснување за младите семејства,
 -поддршка за родителите на пазарот на труд,
 -достапно здравство и станбени решенија.
 Слободата да се избере дали и кога ќе се влезе во брак е основно човеково право.
Никој не смее да биде казнет затоа што избрал различен пат во животот. Даночната политика не смее да се претвори во алатка за социјален притисок.

 Наместо назад кон авторитарните политики, ајде да гледаме напред – кон општество во кое секој граѓанин е еднаков, слободен и поддржан, без оглед на неговиот брачен статус, пишува Андоновски во објавата на Фејсбук.

Коментарот на Андоновски доаѓа откако денеска , премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, истакна дека демографската криза е еден од најголемите предизвици за Македонија и Европа, и дека, за надминување на овој проблем, како една од можните мерки се разгледува воведување дополнителни даноци за немажени и неженети лица.

М. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ