• Latest

Демонстрантите најавија нова блокада на аеродромот во Хонг Конг

August 14, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Демонстрантите најавија нова блокада на аеродромот во Хонг Конг

August 14, 2019 08:40
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На аеродромот во Хонг Конг вчера дојде до судир меѓу демонстрантите и интервентната полиција, која околу 15 часот по средноевропско време влезе на терминалот, каде поради протестите е оневозможена работата на овој фрекфентен аеродром веќе два дена.  Полицијата се повлече после 15 минути, откако стотици туристи и дел од демонстрантите истрчаа од излез на друг терминал,  јавува МИА.

Полицајците користеја бибер спреј во обид да ги растераат демонстрантите, кои го блокираа влезот на терминалот со колички за багаж.

Демонстрантите пак, фатија две лица под сомнение дека се тајни агенти. Со помош на возило на Брза помош осомничените агенти беа извадени од аеродромската зграда.

Во текот на денот, кус период се одвиваа летови, за потоа повторно да бидат откажани сите полетувања. Претседателката на извршната власт на Хонг Конг Кери лам предупреди дека демонстрантите ја свртеле ситуацијата на „пат без враќање“.

Европската унија ги повика „сите страни“ да покажат воздржаност, во услови на растечки тензии и немири во Хонг Конг.

„Со оглед на постојаните немири и зголемувањето на насилните инциденти во Хонг Конг, клучно е сите страни да покажат воздржаност, да отфрлат секаков вид насилство и да преземат итни чекори за деескалација на ситуација“, изјави портпарол на ЕУ.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина ги придвижува трупите кон границата со Хонг Конг, каде веќе 10. недела се одвиваат антивладините протести, и каде денеска дојде судир меѓу полицијата и демонстрантите на меѓународниот аеродром.

„Нашата разузнавачка служба нè информираше дека кинеската влада ги придвижува трупите на границата со Хонг Конг. Секој треба да биде мирен и безбеден!“ порача Трамп на Твитер. 

Официјален Пекинг соопшти дека војската и единици на разузнавачките служби почнале голема воена вежба, која не е поврзана со протестите, а се одржува во Шенжен, оддалечен 25 километри од Хонг Конг.

Претходно официјалниот весник на Комунистичката партија на Кина „Пипл дејли“ објави дека Народната вооружена полиција во Шенжен е подготвена да спречи „немири, вознемирување, големо насилство и злосторство и прашања на социјално обезбедување поврзано со тероризмот“.

Ситуацијата во момоментот е смирена по синоќешниот краткотраен судир помеѓу полицијата и антивладините демонстранти на аеродромот во Хонг Конг.

Најголемиот број на демонстранти замина од аеродромот, но тие за денеска најавија повторни протести. Тоа беше втор ден од блокадата на еден од најфреквентните аеродроми во светот.

Поранешната британска колонија Хонг Конг со месеци е зафатена со протести, првично насочени против предлог-законот за екстрадиција и гонење во Кина, за да прерасне во барања за поголема демократија. Од почетокот на протестните митинзи во јуни, полицијата уапси повеќе од 600 луѓе.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ