• Latest

Ден на младоста

May 25, 2020
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Ден на младоста

May 25, 2020 09:55
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Не можам да се сетам на нејзиниот облик, ја помнам низ магла. Очите ми беа насолзени од возбуда и трема. Нозете ми се тресеа. Имав вртоглавица. Кога ќе размислам, се чувствував како да сум болен од грип, како да ме тресе грозница. Сакав да побегнам, да се скријам, истовремено, сакав да бидам таму, се чувствував важно, големо.

Ми ја ставија в раце додека нешто ми зборуваа, веројатно ми даваа некои насоки или некој комунистички благослов, што ли, не знам. Само знам дека беше блескава и многу, многу тешка. Искрено, не знам ни кое одделение бев, шесто, можеби седмо, можеби бев поголем… Инаку, добро се сеќавам и на најраните години на детството, но тој миг, тие неколку минути ми се во магла.

Си го слушав срцето како ми татни во ушите. Мислам дека слушнав нешто како „Ајде, трчај!“ Во следниот миг потрчав. Немав здив, нозете сами трчаа, слушнав ракоплескање… Трчав. Бескрајно долго. Пот и солзи ми се слеваа во очите, не ги чувствував нозете, а со рацете (или со раката) толку цврсто ја држев што ми отрпнаа прстите и дланките.

Некаде во далечината, го здогледав момчето што требаше да ја преземе. Застанав пред него. Не знаев што да правам. Тој ги имаше подадено рацете кон мене. Некој ми довикна да му ја дадам. Тој ја презеде, се сврте и потрча. Толку беше. Ја носев Штафетата на младоста. Кога си одев накај дома, земјата како да не ја допирав. Бев среќен и горд.

(Се разбира, сите димензии и состојби до тука – растојание, време, сѐ заедно – се преувеличени, онака како што низ магла ги повикувам од спомените. Возбудата што ја чувствував го преувеличи целиот настан кој веројатно не траеше повеќе од неколку минути на растојание од некои стотина или помалку метри.)

По не знам колку денови, вечерта, на 25 мај, на црно белиот телевизор видов како истата таа штафета ја прими другарот Тито.

Со Титовата штафета ме врзуваат и многу други спомени.

Со поголема сигурност се сеќавам на еден претходен момент, кога бев четврто одделение, тогаш ја носев и локалната штафета. Пред да го истрчам делот што мислам дека водеше до градинката каде што е и моето гласачко место во денешницава, требаше да изрецитирам една песна. Е, тоа беше пех. Кажав Тито три пати и застанав. Учителката благо ми пријде, ме погали и ме тргна од сцената. По некое време, со истата благост, ме врати на сцената. Ја изрецитирав песната како од пушка. Многу радосен момент.

Уште порано, учествував и на Цветното дефиле во Скопје, мислам дека беше некаде 1974, 1975 година… Прво, второ одделение… Се сеќавам, ме имаше и на фотографија на насловната страница на весникот „Нова Македонија“. Единственото дете свртено кон камерата, малку излезен од стројот…

Штафетата ја носеа 12, 13, можеби и повеќе илјади млади луѓе секоја година, од 1945 до 1987 година, на траса од околу 10.000 километри, низ целата тогашна Југославија. За 42 години, веројатно околу половина милион млади ја носеа Титовата штафета, на исто толкав број километри поминати низ градовите, селата и патиштата на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Патот на последната штафета, во 1987 година, беше прекината во Словенија затоа што изби скандал. Словенечкиот дизајн на плакатот беше плагијат на нацистичкиот плакат „Третиот Рајх“ од Рихард Клајн. Штафетата таа година е дизајнирана во Словенија во која веќе подолго време имаше отпор против Штафетата и Денот на младоста, против Федерацијата воопшто. Во 1988 година, Штафетата на младоста, Титовата штафета, замина во историјата.

Да живее Денот на младоста!

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Share49Tweet31Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ