• Latest

Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Ден на сеќавање на жртвите од политичките репресии: Русија го наследи советскиот систем на репресија, криминал и убиства

May 18, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Ден на сеќавање на жртвите од политичките репресии: Русија го наследи советскиот систем на репресија, криминал и убиства

May 18, 2025 11:06
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На 18 мај, Украина се сеќава на жртвите од депортацијата и геноцидот на Татарите од Крим, која започна пред 80 години под бруталниот режим на Советскиот Сојуз. Воедно, како што на социјалните мрежи напиша амбасадорката на Украина, Лариса Дир, денеска е 1.180-ти ден од почетокот на целосната руска воена агресија против Украина. Но за кримските Татари, тоа се 11 години окупација на покраината. Илјадници Татари дојдоа под удар на суровата окупација што започна во 2014 година. Кримските Татари се погодени од репресалии, прогон, апсења, тортура и убиства што ги спроведуваат руските окупациски сили на полуостровот.

„Ден 1180. Денес е 18 мај. Пред 81 година — депортација. Денес — привремена окупација. русија не го прекина злосторството започнато во 1944 година. Крим е Украина. Кримските Татари се народ што се спротивставува и памти“, напиша украинската амбасадорка, Лариса Дир.

Ден 1180. Денес е 18 мај.
Пред 81 година — депортација.
Денес — привремена окупација.
русија не го прекина злосторството започнато во 1944 година.
Крим е Украина. Кримските Татари се народ што се спротивставува и памти. pic.twitter.com/pVc8CX4O57

— Larysa Dir (@dir_larysa) May 18, 2025

 

Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

Министерството за надворешни работи на Украина, меѓу другото, објави дека во знак на сеќавање на жртвите на геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Денот на сеќавање на жртвите на политичките репресии, денеска на половина копје се спуштаат Државното знаме на Украина и кримскотатарското знаме пред зградата на Министерството за надворешни работи.

„Денес, на Денот на сеќавање на жртвите на геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Денот на сеќавање на жртвите на политичките репресии, ги спуштаме на половина копје Државното знаме на Украина и кримскотатарското знаме пред зградата на Министерството за надворешни работи. Се сеќаваме на двете страшни трагедии и оддаваме почит на невините луѓе убиени од советскиот режим“, објави МНР на Украина.

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, денеска изјави дека Украина денес се сеќава на две злосторства на комунистичкиот тоталитарен режим – масовната депортација на кримските Татари од Кримскиот Полуостров.

„Денес се сеќаваме на две трагедии кои станаа симболи на длабока болка и рамнодушност. Две злосторства на комунистичкиот тоталитарен режим. И двете се раѓаат од истата идеологија која гледаше закана за слободниот, свесен човек, неговото право на слобода, сеќавање и култура“, изјави украинскиот министер за надворешни работи.

Тој истакна дека на денешен ден, 18 мај 1944 година сталинистичкиот режим започна масовна депортација на кримските Татари од Кримскиот Полуостров, но и дека овој ден е сеќавање на жртвите од советскиот систем на политичка репресија, криминал и убиства, кој опстојува до денешно време.

„Пред 81 година, на 18 мај 1944 година, сталинистичкиот режим започна масовна депортација на кримските Татари од Кримскиот Полуостров. Секоја година на овој ден, ја почитуваме споменот на жртвите од геноцидот врз Кримските Татари. Исто така денес, на третата недела од мај, се поклонуваме пред оние кои станаа жртви на политичката репресија на советската власт. Советскиот режим претставуваше системски модел на репресија, криминал и убиства“, изјави министерот Сибига.

Луѓето под советскиот режим исчезнувале поради тоа што размислувале или разговарале, затоа што напишале поема или писмо што советскиот режим го оценил како неподобен, вели министерот Сибига.

„Бикивњанска шума во близина на Кијив, Сандармох, Соловки – луѓето исчезнаа затоа што размислуваа, заради песна, разговор, писмо. Стотици илјади скршени животи“, изјави Сибига.

Тој продолжува со фактот дека советскиот модел не е исчезнат, туку дека е наследен во современа Русија.

„Денес, овој модел не исчезна. Современа Русија не само што не е одвоена од советскиот тоталитаризам. Таа го прифати ова наследство. Како идеологија. Како алатка. Како изговор. Денес таа доаѓа по оние што не може да ги освои. Во окупираниот Крим и другите окупирани територии – повторно апсења, нови ‘репресивни списоци’, претреси и неосновани притворања. Не за злосторства, туку за националност, вера, јазик и достоинство“, изјави украинскиот шеф на дипломатијата.

Тој проговори и за молкот на светот.

„Во XX век, светот често молчеше пред диктаторите. Тој не го призна веднаш Гладоморот. Не веднаш – депортација на Кримските Татари. Но, вистината е како вода: може да се задржи, но не може да се запре“, констатира Сибига.

Сепак, светот не остана целосно занемен пред злосторствата, така што сè повеќе земји во светот ја признаваат трагедијата од 18 мај 1944 година како чин на геноцид врз кримските Татари

„Сè повеќе земји во светот ја признаваат трагедијата од 18 мај 1944 година како чин на геноцид врз кримските Татари. Меѓу нив се Латвија, Литванија, Канада, Полска, Естонија, Чешка. Ова не се само политички одлуки. Ова се акти на историска одговорност“, изјави украинскиот министер Сибига.

Сибига го нагласи фактот дека борбата што ја води Украина денес против руската агресија не е само војна за територија, туку против империјализмот кој ја смета слободата за закана.

„Борбата што ја водиме денес против руската агресија не е само војна за територија. Тоа е борба со империјализмот кој ја смета слободата за закана“, изјави министерот Сибига.

Тој својата изјава ја завршува со повикот, со должноста да се врати правдата и да се обезбеди одговорност за сегашните и минатите злосторства чиј рок на траење не поминува.

„Вечно сеќавање на невините жртви на геноцидот врз кримските Татари и политичката репресија на комунистичкиот режим. Во чест на оние кои се спротивставуваат и нè штитат денес. Наша должност е да ја вратиме правдата и да обезбедиме одговорност за сегашните и минатите злосторства кои немаат рок на траење“, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига.

Путин во своите јавни настапи го опишува Крим како „центар на духовното единство“ на Русија. Всушност, тој е дом на повеќе од 100 националности и бил брутално „русифициран“ од Јосиф Сталин во 1940-тите. Една од тие националности, Кримските Татари, го нарекуваат полуостровот свој дом со векови. Тие останале таму дури и по победата на Катерина Велика над отоманските сили во 1783 година, пишува амб. Марк А. Грин во својот напис „Кримските Татари и русификацијата“ за престижниот американски тинк-тенк Вилсон центар.

Според историските записи, во мај 1944 година, советската влада под водство на Сталин организираше присилна депортација на целото кримскотатарско население од нивните домови. Над 190.000 лица беа собрани од НКВД (советска тајна полиција) и транспортирани во запечатени вагони за добиток во оддалечени региони на Централна Азија, првенствено во Узбечката ССР.

Депортацијата, позната како Сургунлик (Sürgünlik на кримскотатарски), беше спроведена под изговор за наводна соработка со нацистичка Германија, и покрај фактот дека голем број кримски Татари служеле лојално во Црвената армија. Патувањето и последователните услови на прогонство беа брутални; илјадници загинаа од глад, болести и изложеност на тешки климатски услови.

Проценките сугерираат дека до 46% од депортираното население починало во првите неколку години од прогонството. Советскиот режим, исто така, спроведе кампања за бришење на кримскотатарската култура, вклучително и уништување на културни обележја и потиснување на нивниот јазик.

Дури кон крајот на 1980-тите, на кримските Татари им беше дозволено да се вратат на Крим, а во 2015 година, Украина официјално ја призна депортацијата како чин на геноцид.

Џ. Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ