26 јуни е Ден на знамето на Кримските Татари, ден во чест на домородното население на Крим и нивниот национален симбол.
Знамето го симболизира единството и континуитетот на генерациите Кримски Татари и нивната постојана борба за слобода и самоопределување. Денот на знамето е воспоставен во 2010 година од страна на самоуправата на Кримските Татари во Украина.
Самото знаме е сина ткаенина со жолта тамга (хералдички амблем) во горниот лев агол, што ја претставува историјата и отпорноста на кримските Татари.
Историјат
Во 1783 година, како и Крим во 2014 година, Кримскиот канат бил окупиран од Русите, кои ги лишија Кримските Татари од нивната држава. Со почетокот на националното преродување на Кримските Татари, симболите на Кримското Ханство повторно беа употребени.
Во 1917 година, знамето на Кримските Татари за прв пат беше одобрено како официјално знаме од страна на првиот Курултај на кримските Татари. Историјата на знамето ја одразува историјата на народот: синото знаме беше забрането од комунистите во 1929 година, а од 1944 година неговото поседување се сметаше за кривично дело.
Со распадот на СССР и враќањето на Кримските Татари на Крим, тоа беше обновено и одобрено на вториот Курултај во Симферопол во 1991 година.
Денес, синото знаме со жолта тамга е симбол на борбата за правото да живеат на својата родна земја, за правата и слободите на еден од домородните народи на Украина. Ова знаме е во рововите и на фронтовските линии покрај бранителите на украинската држава, се вее на зградите на и потсетува на силата и храброста на целиот кримскотатарски народ, на отпорот кон окупаторите и спротивставувањето на нивните инвазивни амбиции.
Низ историјата и до денес, Русите се обиделе со сè да ги уништат сите сини и жолти знамиња на Крим, да го избришат сеќавањето на Кримските Татари, Украина и историјата на полуостровот.
На 26 јуни, Украина секоја година го слави Денот на знамето на Кримските Татари.
Во моментов, за време на целосната војна во Украина што ја започна Руската Федерација, Украинците и Кримските Татари заедно ја бранаt Украина. Традиционално, на секој 26 јуни Кримско Татарското знаме се вее над администратвините објекти на Украина и пријателските земји, на украинските воени бродови, како и на главните улици на Кијив.
Д. Тахири