Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.












