• Latest

Денот на дланка: Инвестиција од 40 милиони евра во ТИРЗ Кичево, европската интеграција е безбедносно прашање, започна неделата на циркуларна економија

May 22, 2023

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Денот на дланка: Инвестиција од 40 милиони евра во ТИРЗ Кичево, европската интеграција е безбедносно прашање, започна неделата на циркуларна економија

May 22, 2023 16:51
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Белгиска „ABEE“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Кичево, нови 600 работни места

Белгиската компанија „ Avesta Battery and Energy Engineering (АBЕЕ)“ ќе гради фабрика за производство на електрични батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево. Вкупната инвестиција ќе изнесува 40 милиони евра, а ќе бидат отворени 600 нови работни места.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска: Процесот на европска интеграција е безбедносно прашање

Процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија е безбедносно прашање, затоа што сите отворени прашања во државата и регионот може да бидат злоупотребени и малициозно искористени за несакани дејствија и подгревање на страстите, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Безбедност На армискиот полигон „Криволак“ денеска започна вежбата „Брз одговор 23“ која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни.

Свидетелства Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, завршена е постапката за набавка и во тек е испораката, соопшти денеска Министерството за образование и наука.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Бахмут

Додека медиумите во Москва трубат за „остварена мисијата“, откако шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин прогласи победа во источниот украински град Бахмут, Украина инсистира на тоа дека градот не е целосно паднат.

Експлозии во Белгородската област

Рускиот волонтерски корпус“, чии борци тврдат дека се борат на страната на Украина, соопшти дека извршува борбени мисии на територијата на Руската Федерација, а „Легијата на слободата на Русија“ ги повика жителите на руските погранични региони да останат дома и „ да не се противат“, објавија на своите канали Легија на слободата на Русија, Руски волонтерски корпус, како и некои руски локални Телеграмски канали.

НАТО ги признава злосторствата на Русија

Парламентарното собрание на НАТО едногласно ги призна злосторствата на Русија против Украина како геноцид, а терористичкиот режим во Русија како рaшизам, објави на Фејсбук Јехор Черниев, шеф на постојаната делегација на Украина во Парламентарното собрание на НАТО, пренесува ЕвропскаПравда.

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Дијалогот Косово –Србија на маса во Брисел; НАТО го вклучува Косово во извештај; во Албанија се одржува воената вежба „Defender Europe 2023“

На денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел, министрите на земјите членки ќе разговараат за ситуацијата во регионот на Западен Балкан, вклучително и дијалогот Косово – Србија, а во Албанија еден од главните настани е одржувањето на вежбата „Defender Europe 2023“. Ова се само дел од темите, од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

НЕДЕЛА НА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

Неделата на циркуларната економија на Западен Балкан започна денеска, а до 26 мај ќе ја одбележат низа паралелни активности во повеќе земји од Западен Балкан, под заедничкото мото „Партнерство за циркуларност“. ЛогЕкс (LogEx) заедницата во чиј состав влегуваат повеќе од десет големи граѓански организации, експерти, универзитети и бизниси, преку еднонеделните активности ќе понуди нови идеи и решенија за одржливи практики.

Регионална конференција „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“

ЦИВИЛ ќе одржи Регионална конференција „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ утре, 23 мај, во хотел Сити Парк, со почеток во 10 часот, со учество на високи претставнички и претставници на македонската влада, експертската заедница од регионот и бизнис секторот. Настанот е дел од регионалната програма на иницијативата за цел Западен Балкан.

Конференцијата ќе се одржи во четири сесии.  Во првата сесија „Трансформација на економијата на локално и национално ниво: Стратегии, предизвици и перспективи на циркуларната економија“ учествуваат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Во втората сесија „Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан – Регионални искуства“ ќе учествуваат Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, Косово, Селена Агатоновиќ од Иницијативата за правата на младите, Србија, и Газменд Берлајоли од Косово.

Во третата сесија „Иновациите во бизнис секторот и циркуларната економија: Позитивни примери за иднината“ ќе говорат претставниците од бизнис секторот и тоа: Филип Ивановски, Пакомак, Аријан Тоска, МДЦ-Трговија и инвестиции и Живко Серафимовски, Нутривет.

Во четвртата, завршна сесија, ќе говорат потпретседателката на Сојуз на стопански комори, Габриела Кулибанова на тема „Проценка на капацитетите за развој на циркуларната економија во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, главната уредничка на Градска.мк, Соња Танеска на тема „Медиумите и циркуларната економија“ и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на тема „ Влијанието на руската агресија против Украина врз економските трендови и можностите за развој на циркуларната економија“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Имаше некаква симболика во фактот дека министерот за надворешни на Русија – Лавров лани, на денот кога се слави годишнината од Октомвриската револуција, го пушти повикот за „запишување“ на ново членство во БРИКС, организација која е од стартот антизападна по концепцијата. Зошто човек може да помисли дека малата Македонија е една од  земјите каде треба да ја слушнат неговата порака?“, пишува Љубомир Костовски во колумната „Антизападниот БРИКС оставен во македонскиот орман“.

„Билатералките“ со Бугарија што ќе се појавуваат од време на време се со времен карактер. Тие се сè уште реминисценција на една замината власт чиј актуелен остаток е во ликот и делото на Радев и Јотова. Но треба да се има предвид дека тие се само interim и кај да е државата ќе си добие легална и легитимна Влада која ќе има полни раце работа со дневните проблеми на бугарскиот народ, нешто за што кабинетот на претседателот нема обврски, а ни слух.“, пишува Љубиша Николовски во колумната „Нема ништо спорно во наративот на Ковачевски и уставните измени“.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ