• Latest

Битиќи, Шукова, Истрефи, Агатоновиќ и други истакнати имиња на утрешната регионална конференција „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“

May 22, 2023

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Битиќи, Шукова, Истрефи, Агатоновиќ и други истакнати имиња на утрешната регионална конференција „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“

May 22, 2023 15:10
in ГРАЃАНСКА, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Регионалната конференција „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ ќе се одржи утре, 23 мај, во хотел Сити Парк, со почеток во 10 часот, со учество на високи претставнички и претставници на македонската влада, експертската заедница од регионот и бизнис секторот. Настанот е дел од регионалната програма на иницијативата за цел Западен Балкан.

Конференцијата ќе се одржи во четири сесии.  Во првата сесија „ Трансформација на економијата на локално и национално ниво: Стратегии, предизвици и перспективи на циркуларната економија“ учествуваат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Во втората сесија „Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан – Регионални искуства“ ќе учествуваат Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, Косово, Селена Агатоновиќ од Иницијативата за правата на младите, Србија, и Газменд Берлајоли од Косово.

Во третата сесија „Иновациите во бизнис секторот и циркуларната економија: Позитивни примери за иднината“ ќе говорат претставниците од бизнис секторот и тоа: Филип Ивановски, Пакомак, Аријан Тоска, МДЦ-Трговија и инвестиции и Живко Серафимовски, Нутривет.

Во четвртата, завршна сесија, ќе говорат потпретседателката на Сојуз на стопански комори, Габриела Кулибанова на тема „Проценка на капацитетите за развој на циркуларната економија во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, главната уредничка на Градска.мк, Соња Танеска на тема „Медиумите и циркуларната економија“ и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на тема „ Влијанието на руската агресија против Украина врз економските трендови и можностите за развој на циркуларната економија“.

Модераторка на сите четири сесии на Конференцијата е Биљана Јордановска, координаторка во ЦИВИЛ и одговорна уредничка на Green CIVIL. На крајот од секоја сесија има можност за две прашања или коментари до две минути.

Активностите на ЦИВИЛ за време на регионалната иницијатива не престануваат тука. Во текот на наредните денови, на медиумската платформа на организацијата ќе бидат објавени повеќе документарни прилози за позитивни примери за примена на принципите на циркуларната економија во бизнис секторот во нашата земја.

Излагањата на учесничките и учесниците на конференцијата, како и посебни авторски прилози напишани специјално за ЦИВИЛ, ќе бидат објавени во публикацијата „Визии за зелена иднина“ на македонски, албански, англиски и босанско-хрватско-српски.

На крајот од неделата на регионални активности, ЦИВИЛ ќе подготви документ со препораки што ќе бидат доставени до релевантни институции на локално и централно ниво, како и до низа други засегнати страни.

Неделата на циркуларната економија е уникатна регионална иницијатива, преку која мрежата ЛогЕкс (LogEx), придонесува кон трансформацијата на Западен Балкан кон одржлив развој, преку промовирање и спроведување на циркуларна економија.

ЦИВИЛ/Зелен ЦИВИЛ

Tags: конференцијалогексЦивилциркуларна економија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ