ВЕСТ НА ДЕНОТ
Во Македонија дошле 6 милијарди долари руски пари преку илегални канали и локални олигарси
Дури 6 милијарди долари од руски извори се слеале прикриено и илегално во македонските финансиски текови од 2000 до 2020 година, тврди Центарот за проучување на демократијата од Софија, во својата најнова анализа за ширењето на дезинформациите и дестабилизирањето на демократиите во Југоисточна Европа од страна на Москва, пишува независен.мк.
Според анализата Македонија последните години е изложена на многу силно руско пропагандно влијание, а тоа е потпомогнато од илегално внесување руски пари преку политички партии, социјални групи и влијателни поединци преку кои Москва влијае и на политичките одлуки во државата.
повеќе: ТУКА
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Постојат судски пресуди на Судот за човекови права, кои што Бугарија ги нема спроведено до денес и ги повикувам уште еднаш бугарските власти да ги почитуваат одлуките, согласно со европските правни норми за заштита на малцинските права, и на тие граѓани кои што се самоопределуваат како Македонци. Сепак тоа се граѓани и на ЕУ, бидејќи Бугарија е дел од Унијата. Има граѓани во Бугарија кои што се самоопределуваат како Македонци и нив им припаѓаат правата кои треба да им бидат овозможено да ги остварат“, изјави премиерот на земјава Димитар Ковачевски, коментирајќи за македонското малцинство во Бугарија.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Полицијата во Украина го идентификуваше рускиот воен командант кој пукаше во автомобил со цивили во Харкивската област и за тоа се пофалил на својата сопруга, објави обвинителството на Харкивската област на 21 март. Инцидентот се случи на 23 јуни 2022 година, во близина на селото Велика Комишуваха, област Изум. Маж и жена од Украина се возеле со автомобил мазда до Бахмут за да ги евакуираат своите постари родители.
*
Како резултат на руското масовно гранатирање на регионите Суми, Донецк, Херсон, Криви Рих се зголемува бројот на повредени и ранети цивили. Во регионот Суми, две лица загинаа, а уште десет беа повредени, објави регионалната воена управа Суми на Телеграм.
*
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен синоќа најави дека Европска Унија ќе организира конференција за обезбедување на враќање на украинските деца, кои беа однесени во Русија за време на војната.
AL-PRESS
Редакциски избор од албански медиуми: Средбата Рама – Сунак со имигрантите на средина; се одмотува клопчето околу скандалот со „Престиж ресорт“; Американската комора бара приклучување на Косово во „Отворен Балкан“.
АНАЛИЗИ
Проф. д-р Снежана Трпевска, социолог, истражувач од Институтот РЕСИС, на покана на ЦИВИЛ Медиа, изнесува свои видувања за состојбите во поглед на ширењето на дезинформациите и пропагандата во медиумите во земјава, а во контекст на истражувањата на оваа појава.
За поимите и појавите од насловот знаеме само нешто општо. Дека има дезинформации и пропаганда, дека се шират најбрзо на социјалните мрежи, дека за тоа придонесува лесната достапност до мрежите и дека корегирањето на лажните, злонамерните и погрешните информации е исклучително тешко. Или пак, имаме само анедоктално знаење. Знаеме само за поединечни случаи, но не можеме да извлекуваме прецизни и веродостојни заклучоци за вкупната состојба….
ИНТЕРВЈУ
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПЛАТИ Се работи на воспоставување систем за раст на платите на вработените во јавниот сектор, минималната плата има раст од 12,55 отсто, соопшти денеска Министерството за финансии.
ПАЗАР Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.
СОБРАНИЕ Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија на денешната седница ја изгласа Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на собраниските службеници.
РЕГИОН Американската комора го повика Косово да се приклучи на Отворен Балкан и истовремено го поздрави договорот за имплементација на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина постигнат на 18 март во Охрид.
ОБРАЗОВАНИЕ Три нови законски решенија ќе го стимулираат напредокот на средното, стручното образование и обука, како и образованието на возрасните.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Тоа што „го дознава чаршијата“ не може да го побие ниту една наука, ниту една проверка на факти, ниту логиката и здравиот разум. А тоа што „го дознава чаршијата“ или доаѓа од медиумите, или се реплицира и се дува како балон во медиумите. Нема крај. Утрово читам за наставник во прилепско училиште, приведен за дрога. Името и презимето до вечерва ќе стаса во сечиј дом. И сите детали, но и сите теории на заговор. И сето тоа ќе го дознаат децата. Поточно, ќе бидат носителите на овие информации“, пишува Џабир Дерала во „Линч на наставниците“.
„Учителката: Ајде, дечиња, кој од вас ќе ни каже кој викаше “смрт на докторите” кога беше пандемијата?
Перо: Вмро, учителке.
Учителката: А знае ли некој кој викаше “Не отворај” кога беше референдумот?
Митре: Вмро, учителке.
Учителката: А “Уа, Европо!” кога ни ја дадоа преговарачката рамка?
Стевче: Вмро, учителке… “, Бранко Тричковски во „Помор на македонскиот род“.
Б. Јордановска












