• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Линч на наставниците

March 24, 2023

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Линч на наставниците

March 24, 2023 09:09
in ES-PRESS-O, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Истиот ден беа познати името и презимето на наставничката што беше приведена во полициската акција во Скопје во која беа запленети дрога, оружје и пари, и беше откриена лабораторија за производство на амфетамини. Децата од другите училишта, ги наслушнаа своите родители дома и наставниците на училиште и веќе до вечерта имаа едно чудо приказни за овој настан. Со брзина на хиперсонична ракета дознавме разни работи за наставничката – предметот кој го предава, нејзината возраст, начинот на облекување и шминкање, која „партија ја вработила“… Не е важно дали сето тоа е вистина или не, важно е дека „се знае“.

Тоа што „го дознава чаршијата“ не може да го побие ниту една наука, ниту една проверка на факти, ниту логиката и здравиот разум. А тоа што „го дознава чаршијата“ или доаѓа од медиумите, или се реплицира и се дува како балон во медиумите. Нема крај.

Утрово читам за наставник во прилепско училиште, приведен за дрога. Името и презимето до вечерва ќе стаса во сечиј дом. И сите детали, но и сите теории на заговор. И сето тоа ќе го дознаат децата. Поточно, ќе бидат носителите на овие информации.

Наместо да ги заштитиме децата, тие се претворени во антени за прием и дистрибуција на информации и дезинформации, предрасуди, теории на заговорот…

Уште пострашно: Сите наставници сега се дилери на дрога во очите на оваа сеирџиска, конзервативна чаршија која претендира да биде јавност.

Во мрачниот бизнис на наркомафијата се заплеткани огромен број луѓе. Таа, мафијата, ја распостила својата мрежа насекаде, ги користи слабостите на луѓето и ги креира (диктира) нивните судбини. Нивната организација е грамадна пирамида од моќ, влијанија и црни пари. Најдолу на таа пирамида се дилерите. Тоа се луѓе што ги среќаваме насекаде. Голем број од нив се и корисници на различни видови дроги – од рекреативни (легализирани во голем број држави) до тешки дроги кои го уништуваат животот и заедниците.

И дилери и корисници има меѓу луѓето во сите професии. Ги има и меѓу лекарите, полицајците, новинарите, граѓанските активисти, политичарите (!)… Но дали сите лекари, полицајци, новинари (итн.) ќе ги прогласиме за дилери на дрога?

Зошто е шок затоа што дилери се нашле и во просветата? Затоа што имаат непосреден и секојдневен контакт со децата?

Да, тоа е во најмала мера, загрижувачки. Да, растревожува и шокира. Има многу такви прашања и одговорот на сите нив може да биде потврден.

Но никој не го поставува прашањето како дошло до тоа? Какви животни околности ги довеле до тоа да се вклучат во овој мрачен бизнис? Дали се во опасност тие и нивните семејства? Што ќе се случи со нив, ако биде докажана нивната вина? Дали, откако ќе отслужат затворска казна, ќе имаат нормален живот или ќе бидат засекогаш упропастени? А што ќе се случи со нив ако соработуваат со истрагата? Дали, откако се отфрлени и експресно осудени од јавноста, ќе ѝ се вратат на мафијата која „нежно“ ќе ги прими во својата прегратка? Бидејќи, за пресумпција на невиност не можеме да говориме во овој случај, како ни во безброј други случаи од хипер популарната „Црна хроника“.

Јавноста го откри идентитетот на приведените наставници и брзопотезно ги подложи на линч. Како и секогаш, во секој случај од рубриката „Црна хроника“, медиумите се тркаат во потхранување на теориите на заговорот и ја потпалуваат жедта за крв и јавен линч.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: дилеридрогајавен линчМедиуминаркомафијанаставниципресумпција на невиност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ