• Latest
По пукањето на автомобилот од страна на окупаторите, украинската војска се обидела да им помогне на цивилите со помош на дрон (Фото:Прокуратура Харківської області)

Идентификуван рускиот командант кој пукал во цивилен автомобил и за тоа се пофалил на својата сопруга

March 24, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Идентификуван рускиот командант кој пукал во цивилен автомобил и за тоа се пофалил на својата сопруга

March 24, 2023 12:59
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
По пукањето на автомобилот од страна на окупаторите, украинската војска се обидела да им помогне на цивилите со помош на дрон (Фото:Прокуратура Харківської області)

По пукањето на автомобилот од страна на окупаторите, украинската војска се обидела да им помогне на цивилите со помош на дрон (Фото:Прокуратура Харківської області)

Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата во Украина го идентификуваше рускиот воен командант кој пукаше во автомобил со цивили во Харкивската област и за тоа се пофалил на својата сопруга, објави обвинителството на Харкивската област на 21 март, пренесува The New Voice Of Ukraine.

Инцидентот се случи на 23 јуни 2022 година, во близина на селото Велика Комишуваха, област Изум. Маж и жена од Украина се возеле со автомобил мазда до Бахмут за да ги евакуираат своите постари родители.

Додека возеле, во нивниот автомобил било пукано од руската војска.

Жената се обидела да го спаси сопругот, но агресорите продолжиле да пукаат.

Украинската војска во тој момент вршела извидување со беспилотни летала во областа и го снимила инцидентот. Украинските вооружени сили испратија белешка на дронот со натпис „Следи ме“ за да се обидат да ги спасат луѓето.

Фото: Prosecutor’s Office of the Kharkiv Oblast

Кога го видела леталото, жената не била сигурна како да продолжи, но го следела бидејќи тоа бил единствениот начин да го спаси нејзиниот живот и животот на нејзиниот сопруг.

Дронот ја одвел до позициите на украинската војска.

Во меѓувреме, руски војници се приближиле до застреланиот автомобил и помислиле дека човекот е мртов. Неговото тело го фрлиле во канал покрај патот.

Човекот бил во несвест околу 30 часа, а потоа се освестил и можел да оди до базата на украинските вооружени сили.

Се покажа дека рускиот војник кој пукал во цивилниот автомобил е командант на моторизирана единица на руските вооружени сили од Москва. Тој беше идентификуван бидејќи се слуша како се фали за инцидентот на сопругата во телефонскиот повик што го пресретнаа украинските безбедносни служби.

Возејќи борбено возило на пешадија, тој употребил митралез со голем калибар и го застрелал автомобилот во која била брачната двојка.

Се очекува полицијата да го стави осомничениот на потерница.

Подготви: Д. Мишев

Tags: руска агресија врз Украинаруски воени злосторстваХаркивцивилни жртви
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ