ВЕСТ НА ДЕНОТ
Согласно одлуката се утврдуваат највисоки цени на тоалетна хартија,влажни марамчиња,пелени за деца и возрасни (дајперси) и хигиенски влошки кои се применувале на 20 март во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13%.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Вие сте на вистинскиот пат и Австрија целосно ќе ве поддржува во тоа. Убедени сме дека ќе успеете да ја направите промената на Уставот и да продолжите по својот пат кон ЕУ. Австрија целосно ќе ве поддржува на тој пат, рече австрискиот претседател Алексанадар Ван дер Белен.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Припадниците на неодамна формираната руска јуришна единица „ Бура“, во ТикТок видео објавено на Твитер профилот Дмитри, велат дека нивните команданти распоредиле „бариерни трупи“ за да ги спречат да се повлечат и им се заканиле со смрт откако претрпеле „огромни“ загуби во источна Украина.
МУЛТИКУЛТУРА
Не можеме да правиме инклузија со гетоизирање во одредена населба, туку напротив, домувањето да биде во станбени единици каде што зависно од просторот, капацитетот со кој располагаат единиците на локалната самоуправа, да ги вклучуваат семејствата од ромската етничка заедница, вели министерката за труд и социјални политики, Јована Тренчевска во интервјуто со ЦИВИЛ.
Очекуваме генерално и дека сите медиуми, и приватните, и националниот сервис, да прават повеќе содржини со кои ќе ги идентификуваат тие мултикултурни маркери онаму каде што ги има, и да ги препознаваат луѓето коишто како спортисти, бизнисмени или уметници, ги носат тие вредности во себе“, вели националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски, во интервју за ЦИВИЛ.
AL-PRESS
Редакциски избор од албански медиуми Откако Српската листа не се регистрираше за учество на локалните избори на северот на Косово, директорот на Форумот за односи меѓу заедниците во Белград, Душан Јањиќ предвидува дека повторно ќе бидат поставени барикади. Косовскиот премиер Албин Курти бара од меѓународната заедница да вложат повеќе напори за притисок врз официјален Белград за признавање на Косово.
АНАЛИЗИ
По парламентарните избори во 2020 година, кога коалицијата „Можеме“ предводена од социјалдемократите (СДСМ) на Зоран Заев и Демократската унија за интеграција (ДУИ) со нивната позната кампања „Псе јо“ за албански премиер излегоа како победници, на површина испливаа незадоволства во редовите на ДУИ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
УСТАВНИ ИЗМЕНИ Уставните измени нема да се одложат. Со формирањето на експертската група и со нивната работа практично ќе започне процесот, кој потоа нормално ќе влезе во процедурите кои се пропишани со закон, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
МВР Заедничката соработка и координацијата меѓу полицијата, обвинителството и судството е суштинска за работењето, но и за резултатите од криминалистичките истраги, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
ЕКОНОМИЈА Отворање на нови работни места, со преквалификација и низ процесот на дуално образование ќе се подобри состојбата со пазарот на трудот и недостигот од работна сила, изјави Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.
РЕГИОН Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, синоќа во Прешево изјави дека чувствува напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
СВЕТ Сè што излезе во јавноста од посетата на Ши Џинпинг на Москва се многу фотографии, со кои руската пропаганда сака да покаже дека Путин ја има поддршката од ѕвездата во подем на светската геополитичка сцена, Кина… и толку.












