• Latest
Фото: ЦИВИЛ

Белен: Немојте да ја изгубите целта од вид, Австрија е ваш сигурен партнер на патот кон ЕУ

March 29, 2023

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Белен: Немојте да ја изгубите целта од вид, Австрија е ваш сигурен партнер на патот кон ЕУ

March 29, 2023 13:19
in ВЕСТИ
Фото: ЦИВИЛ

Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Немојте да ја изгубите целта од вид, да работиме заедно, за скорешен прием на Северна Македонија во ЕУ. Австрија останува ваш сигурен партнер, изјави австрискиот претседател Алексанадар Ван дер Белен на денешната заедничка прес – конференција во Скопје со неговиот домаќин шефот на државата Стево Пендаровски.

-Вие сте на вистинскиот пат и Австрија целосно ќе ве поддржува во тоа. Убедени сме дека ќе успеете да ја направите промената на Уставот и да продолжите по својот пат кон ЕУ. Австрија целосно ќе ве поддржува на тој пат, рече Ван дер Белен.

Тој нагласи дека земјава со Охрискиот рамковен догор е пример во регионот во однос на етнички и религиски соживот, а за да продолжи процесот на проширување би било нужно да се промени Уставот. Во Австрија, вели, знаат дека промената на Уставот е нешто што политички предизвикува тензии, но, треба да се гледа напред, да се работи во правец на заедничка европска иднина.

-Знаеме дека вашиот пат кон ЕУ е тежок, дека фрустрацијата за времетраењето на процесот е разбирлива, но ве молиме немој да ја изгубите целта од вид. Хрватска покажа дека приемот е можен кога сите значајни политички сили влечат во ист правец. Да работиме заедно за скорешен примен  на  Северна Македонија. Јас можам да гарантирам дека Австија и во иднина ќе ви стои на располагање како сигурен партнер, вели Ван дер Белен.

Фото: ЦИВИЛ

На новинарско прашање во однос на поддршката на уставните измени, тој истакна дека ќе одржи говор во Парламентот и ќе ги замоли сите пратенички групи да размислат што во спортивност се става на ризик. – Да не се драматизира овој чекор, вели Белен.

Претседателот Пендаровски истакна дека украинската криза може да ја поттикне интеграцијата на регионот во ЕУ, а како докажан пријател Австрија ја форсира политиката на проширување на ЕУ

-Австрија како докажан пријател на регионот има значајна улога во форсирањето на политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан, а во тие рамки, оваа посета на австрискиот претседател укажува и на важноста на нашата евроинтеграција, рече Пендаровски.

Двајцата се согласиле дека во отсуство на јасна европска перспектива, евроскептицизмот ќе продолжи да расте и сигурно ќе биде сигнал за некои други сили кои работат спротивно на европските вредности.

Посебен фокус во разговорите бил ставен и на интензивирањето на економската соработка.

Пендаровски посочи дека Австрија е наш значаен трговски партнер и прв странски инвеститор со вкупни инвестиции од близу една милијарда евра и со присуство на 54 активни австриски компании на македонскиот пазар.

-Во тој контекст ги поздравуваме и поддржуваме активностите на Македонско-австриската бизнис-асоцијација. Заеднички геостратегиски интерес е југоистокот на Европа да биде демократски и развиен за да биде мост за економска размена со растечките пазари на Азија, порача Пендаровски.

Ван дер Белен нагласи дека австриските инвестиции се најбројни во земјава, а фактот што со него дојдоа и претставници од 25 австриски компании сведочи за заинтересираноста за натамошно унапредување на економската соработка.

Следната година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи што се гледа како уште една можност за реафирмирање на македонско-австриското пријателство и соработка.

Tags: АвстријаБеленЕУПендааровскиСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ