• Latest
Фото: Wikipedia commons

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Владата ги замрзна цените на хигиенски производи, Австрија со поддршка на патот кон ЕУ, внатрепартиска дебата во ДУИ или поделба до уништување

March 29, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Владата ги замрзна цените на хигиенски производи, Австрија со поддршка на патот кон ЕУ, внатрепартиска дебата во ДУИ или поделба до уништување

March 29, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Wikipedia commons

Фото: Wikipedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Се замрзнуваат и се намалуваат за 13% цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените

Согласно одлуката се утврдуваат највисоки цени на тоалетна хартија,влажни марамчиња,пелени за деца и возрасни (дајперси) и хигиенски влошки кои се применувале на 20 март во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13%.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Вие сте на вистинскиот пат и Австрија целосно ќе ве поддржува во тоа. Убедени сме дека ќе успеете да ја направите промената на Уставот и да продолжите по својот пат кон ЕУ. Австрија целосно ќе ве поддржува на тој пат, рече австрискиот претседател Алексанадар Ван дер Белен.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Припадниците на неодамна формираната руска јуришна единица „ Бура“, во ТикТок видео објавено на Твитер профилот Дмитри, велат дека нивните команданти распоредиле „бариерни трупи“ за да ги спречат да се повлечат и им се заканиле со смрт откако претрпеле „огромни“ загуби во источна Украина.

МУЛТИКУЛТУРА

Не можеме да правиме инклузија со гетоизирање во одредена населба, туку напротив, домувањето да биде во станбени единици каде што зависно од просторот, капацитетот со кој располагаат единиците на локалната самоуправа, да ги вклучуваат семејствата од ромската етничка заедница, вели министерката за труд и социјални политики, Јована Тренчевска во интервјуто со ЦИВИЛ.

Очекуваме генерално и дека сите медиуми, и приватните, и националниот сервис, да прават повеќе содржини со кои ќе ги идентификуваат тие мултикултурни маркери онаму каде што ги има, и да ги препознаваат луѓето коишто како спортисти, бизнисмени или уметници, ги носат тие вредности во себе“, вели националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски, во интервју за ЦИВИЛ.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми Откако Српската листа не се регистрираше за учество на локалните избори на северот на Косово, директорот на Форумот за односи меѓу заедниците во Белград, Душан Јањиќ предвидува дека повторно ќе бидат поставени барикади. Косовскиот премиер Албин Курти бара од меѓународната заедница да вложат повеќе напори за притисок врз официјален Белград за признавање на Косово.

АНАЛИЗИ

Внатрепартиска дебата во ДУИ или поделба до уништување… Што се крие зад негодувањата во партијата со 20-годишна власт?

По парламентарните избори во 2020 година, кога коалицијата „Можеме“ предводена од социјалдемократите (СДСМ) на Зоран Заев и Демократската унија за интеграција (ДУИ) со нивната позната кампања „Псе јо“ за албански премиер излегоа како победници, на површина испливаа незадоволства во редовите на ДУИ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Уставните измени нема да се одложат. Со формирањето на експертската група и со нивната работа практично ќе започне процесот, кој потоа нормално ќе влезе во процедурите кои се пропишани со закон, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

МВР Заедничката соработка и координацијата меѓу полицијата, обвинителството и судството е суштинска за работењето, но и за резултатите од криминалистичките истраги, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

ЕКОНОМИЈА Отворање на нови работни места, со преквалификација и низ процесот на дуално образование ќе се подобри состојбата со пазарот на трудот и недостигот од работна сила, изјави Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

РЕГИОН Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, синоќа во Прешево изјави дека чувствува напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

СВЕТ Сè што излезе во јавноста од посетата на Ши Џинпинг на Москва се многу фотографии, со кои руската пропаганда сака да покаже дека Путин ја има поддршката од ѕвездата во подем на светската геополитичка сцена, Кина… и толку.

СЛОБОДНА ЗОНА

За едно медицинско лице, најстрого забрането е да зборува за наодите на пациентите. Податоците за состојбата на пациентите, било да се работи за физички или психички прашања, било да се работи за редовни прегледи или за лекување, било да се во прашање прегледи што се поврзани со судски постапки – едноставно – не се за споделување ниту во крчма, пишува Џабир Дерала во Злоупотреба на собраниската говорница: Евтин популизам и повеќе од тоа.

Во третирањето на Западот како свој древен и морално изопачен сосед, кремљовскиот автократ заборави дека историски ниту Исоткот не му бил наклонет. Традиционално оттаму, пред сè од Кина, му се заканувала филозофијата на чекање на соодветен момент. Дали неодамнешната посетата на Си Џинпинг на Москва е само илустрација на оправданоста на таквата источничка стратегија?, пишува Љубомир Костовски во Новиот московски штит: Путин и неговиот поголем и посилен брат.

Д. Варошлија

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ