На конференцијата #Перспективи2019, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, рече дека наспроти надворешната политика, дома имаме малку причини за радување и честитање.
За концептот „Едно општество за сите“, Дерала смета дека токму овој концепт може Македонија да ја извлече на врвот во регионот, како пример за тоа како едно општество треба да функционира, но и дека капацитетите на оние кои треба да ги спроведат овие концепти не се на најзавидно ниво.
„На крајот на краиштата овој концепт го видовме како функционира за време на Шарената револуција и низа други протести изминатите години. Ние не можеме да прифатиме да имаме концепти кои не враќаат назад, а претходно да сме имале одлични искуства во таа смисла“, истакна Дерала.
Тој ја истакна работата на Министерството за труд и социјална политика како една од најсветлите точки во внатрешната политика. „Секој добар пример покажува дека се може, но не се прави“, заклучи Дерала.
На конференцијата #Перспективи2019 излагања имаа германскиот амбасадор Томас Герберих, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, проф. Мирјана Најчевска, Џевдет Хајредини (поранешен министер за финансии), Александар Кржаловски (МЦМС), Мерсиха Смаиловиќ (Легис), Кочо Андоновски (Центар за поддршка на ЛГБТИ+) и Фатон Алити. Од ЦИВИЛ зборуваа Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Џабир Дерала.
М. Ивановска
Монтажа и фотографија: Биљана Јордановска