• Latest

Дерала: Политичката корупција и финансирањето на политичките кампањи е еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваме

December 29, 2020

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Дерала: Политичката корупција и финансирањето на политичките кампањи е еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваме

December 29, 2020 14:35
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

„ЦИВИЛ во изминатите неполни 4 години само на една од веб страниците на интернет порталите со кои администрира својата медиумска и организациска активност, има неполни 40.000 медиумски содржини, само на civilmedia.mk . Над 6.200 медиумски содржини во тие 4 години биле посветени на изборите, во форма на извештаи од теренот, анализи, колумни, извештаи за активностите на други релевантни институции, меѓународни организации и така натаму. Јас би можел да излезам и со многу повеќе и подетални податоци за тоа како ЦИВИЛ како организација со медиумската платформа која е во составот на нејзините активности дава придонес во целиот процес не само како мониторинг, туку и придонесот во медиумската сфера. Тоа покажува дека ние сме цело време на некои основни точки, цело време сме некаде на почеток“, посочи Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на конференцијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“.

„Би сакал да ја потсетам јавноста на едно излагање на господинот Деркоски, кој многу јасно ги лоцираше сите проблеми до еден, би рекол, што во изминатите години ЦИВИЛ ги констатираше и истакнуваше. Проблем е тоа што, ајде ќе речете ЦИВИЛ е невладина организација, не и се слуша гласот, иако не е точно, и се слуша гласот, особено кај граѓанките и граѓаните, но чудно е тоа што и претседателот на ДИК, никако не успева да дојде до ситуација неговите главни забелешки да бидат слушнати во поширок политички и системски контекст. Сметам дека тоа е една од препораките кои треба да ги додадеме во поглед на изборните теми. Јас само ќе додадам дека на ЦИВИЛ МЕДИА има 131 содржина во која се содржани препораките, најголем дел од нив целосно, но и по сегменти каде во детали се разработени препораките што се однесуваат на изборниот систем. И тоа, морам со големо жалење да констатирам, како и во случајот со претседателот на ДИК, многу малку, ако не и воопшто не допрело до институциите, а допрело до јавноста.

ЦИВИЛ во изминатите 4 години, од 12 колку што набљудуваме избори, излегуваме со извештаи, препораки и така натаму, имаме сериозни елаборирани препораки кои се однесуваат на изборниот модел, на реформите на ДИК, Изборниот законик… Тука би го цитирал и ЦИВИЛ, но би го парафразирал и претседателот на ДИК, Деркоски, кој кажа дека само за две години Изборниот законик доживеал 30 и нешто измени. Неговата констатација беше дека закон кој се менува толку пати не може да биде добар закон. Ние отидовме и подалеку и се согласивме со оваа констатација и побаравме од Парламентот од Владата да работат забрзано и сериозно на нов Изборен законик. Избирачкиот список, изборната администрација е исто така многу често проблем без оглед на трудот кој се вложува во нив, и, се разбира, финансирањето на политичките партии. Исто така, во тие рамки финансирањето на медиумите во контекст на изборите и изборните кампањи. И уште една област на која за жал многу малку се работи, а тоа е политичката корупција во изборните процеси.

За изборниот модел, меѓу првите организации, заедно со организацијата, МОСТ, ЦИВИЛ зборува за една изборна единица. Од избори во избори гледаме дека ваквата поделба на изборни единици, покажува дека дел од изборните единици се класичен Гери-Мандеринг или кроење на изборните единици соодветно на одредени етно-политички интереси кои ги имала одредена структура кога ги поставувала тие граници. Она што е важно во овој домен е иако има слабости и во тој систем, една изборна единица за нашата земја е сосема доволна.

Политичката корупција и финансирањето на политичките кампањи е еден од најсериозните проблеми што македонското општество ги има и тоа не само со изборите, кои се почеток и крај на секоја можна трансформација позитивна или негативна во општеството. Без разлика кој е на власт, битно е да се знае дека системот мора да профункционира, независно од политичките партии. Имаме ситуација каде целиот систем е заглавен во политика, сè уште сме на основни нивоа и такви какви што се можностите не можеме да сонуваме за научна фантастика за тоа како би требало да изгледа изборниот систем кај нас.

Алармантно е што веќе со почетокот на новата година ние ќе останеме без Државна изборна комисија, општински изборни комисии, избирачки одбори. Тоа треба да се регулира час поскоро.

Би сакал уште еднаш да потенцирам дека ЦИВИЛ како организација, како и експертскиот борд на ЦИВИЛ ги нудиме сите ресурси со кои располагаме за да и помогнеме на нашата земја и нашиот изборен систем да биде подобар. Затоа апелирам да институциите да го имаат ова предвид и во истиот момент кога ќе го добиеме просторот ние сме спремни да го презентираме тоа“, истакна Дерала.

монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ