• Latest

Дерала, ЦИВИЛ, на Утрински брифинг за изборите и најактуелните настани

February 12, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дерала, ЦИВИЛ, на Утрински брифинг за изборите и најактуелните настани

February 12, 2020 10:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу несогласувањето во Собранието за Законот за ЈО и Законот за одбрана и ратификувањето на договорот за НАТО кој се изгласа со консензус од сите партии денеска во Утрински брифинг говори Џабир Дерала од ЦИВИЛ. „Се разбира дека тоа е Договор кој беше насочен кон членството во НАТО но јас би сакал да го гледаме Преспанскиот договор како историски кој беше насочен кон решавање на повеќедецениски спор“, вели Дерала околу односот кон Преспанскиот договор. „Полесно е се откако имате ситуација во која сте дел од НАТО. Тоа дава стабилност и сигурност кај граѓанките и граѓаните. Ова е процес кој нема веќе да запре, се работи за процедурални и административни чекори кои секако ќе поминат. Тоа значи дека сепак што и да се случи со политичката гарнитура на власт ние имаме обезбедено место во НАТО. Тоа е нешто што не може да се врати“, истакна Дерала.

https://www.facebook.com/slobodenpecat/videos/621177805325251/UzpfSTMyNDQ1OTcxNDMzOTE3MToyNjkxMTM3NzI0MzM4MDEz/

За најавите за укинување на Преспанскиот договор Дерала вели дека тоа е една губитничка позиција.

„Тоа изгледаше прилично невкусно. Но тоа не се наивни чекори и операции кои се спроведуваат. Завчера пукна и мега скандалот за тоа дека некои медиуми добиле милионски суми за да работат против Преспанскиот договор. Западната јавност веќе ги гледа тие тенденции кои се насочени кон стопирање и опструкција на процесите во Република Северна Македонија. Но граѓанките и граѓаните се свесни и се западно ориентирани. Во денешно време особено после Брегзит не можете да им верувате доволно на анкетите. Затоа што луѓето не секогаш не сакаат да ја кажат вистината. Особено не по телефон. Сепак имавме мега скандал со прислушувањето на телефонските разговори. Луѓето во денешно време не се чувствуваат слободно да искажат свое мислење. И тоа е сосема оправдано“, вели Дерала.
„За Законот за одбрана се работи за ситни политички проблеми. Се работи за учипување и ситни уцени, некое директорче. Околу Законот за Јавно обвинителство знаеме дека тоа е една голема игра. Се работи за една битка меѓу криминалните структури и правната држава. Без оглед на тоа кој ќе победи на изборите законот мора да се донесе сега за да се повлече линија. Ако не покажеме зрелост како Парламент, и како држава дека знаеме и умееме да донесеме еден закон кој е суштински важен за нашата земја испраќаме многу лоша порака“, дециден е Дерала.

„Јас сум убеден дека најголем дел од оние кои нема да гласаат за Законот за ЈО се всушност под притисок. Се врши терор врз оние кои сакаат да гласаат за овој Закон“, смета тој.

За новата методологија Дерала смета дека таа подразбира најмалку три различни работи.

„Во ЕУ веќе не мора да има консезус од сите земји членки. Па тоа значи дека ако ние имаме проблем со една, две или три земји, сепак ќе можеме да чекориме напред во преговорите. Ние имаме посериозен пристап и од ЕУ и се бара посериозен пристап од нас, што е добро за нас, за јавноста и граѓанките и граѓаните, затоа што тоа не значи дека едно завршено поглавје е завршено засекогаш. Секогаш ќе постои можноста да се вратиме на истото и да направиме нешто поинаку.  ЕУ сега покажа една максимална поддршка за нашата земја. И тогаш кога го добивме стопирањето од Макрон имавме огромна поддршка. Затоа сметам дека и овие предвремени избори воопшто не ни беа потребни“, заклучи Дерала.

М. Ивановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ