• Latest
Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Деркоски: Додека уште се бориме со идентификација на гласачите, тешко дека можеме да зборуваме за електронско гласање

December 21, 2020

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Деркоски: Додека уште се бориме со идентификација на гласачите, тешко дека можеме да зборуваме за електронско гласање

December 21, 2020 13:43
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски, на конференцијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“ потенцираше дека е потребен нов Изборен законик, а не измени во 5 до 12 пред секој изборен процес како што се правеше во изминатиот период.

Деркоски меѓу другото упати апел да се најде поинакво решени за платеното политичко рекламирање и улогата на ДИК во нивно исплаќање. Исто така, предупреди на истекот на мандатот на членовите на ДИК и на изборната администрација во јануари, што ја става пред тешка задача државата во формирање на нов состав на ДИК, брзо и ефикасно, за да може навреме да се подготви организацијата на локалните избори во 2021 година.

„Сакам да потенцирам дека и покрај здравствената криза и сите предупредувања што постоеја за предвремените парламентарни избори, сепак тие не претставуваа кластер за ширење на пандемијата. Се покажа дека сме ги презеле сите превентивни мерки кога ќе дојдат гласачите на гласачките места да бидат заштитени во најдобра можна мерка.

Измените во Изборниот законик што се направија во релативно краток период пред изборите, морам да кажам дека не треба да се прават така. Ние тоа го потенцираме постојано затоа што не тие не придонесуваат многу околу организацијата на менталитетот на граѓаните. Ние треба да се фокусираме да донесеме вистинско законско решение навреме. Сега во овој период би требало да почнеме и за наредните локални избори да имаме законско решение кое ќе ги затвори сите гапови кои се јавуваат во самиот Изборен законик. А честите промени што се правеа во изминатиот период често доведуваа во самиот законик да имате колизија на норми кои што се составен дел на истиот закон и на некој начин претставуваат проблем во функционирањето и организацијата. Јас би апелирал да се престане со праксата на промена на Изборниот законик и изборното законодавство во 5 до 12. Треба да се направи едно добро законско решение што ќе ги предвиди сите овие ситуации за да може на изборните органи да им сее даде шанса вистински да го организираат процесот, а со тоа и да се дигне довербата на граѓаните кон институциите“, истакна Деркоски.

„Се прават напори да се формира работна група за да се почне со разговори за нов Изборен законик што ќе се донесе во наредните неколку месеци се со цел во наредните месеци да биде готов и оперативен. Се надевам овој пат дека  сите ќе ја сфатат сериозно работата и дека ќе се дојде до заедничко решение. На крајот дали изборниот модел ќе биде ваков или таков тоа е одлуката на политичките стејхолдери, меѓутоа од аспект на организација на избори и нас како ДИК тоа не интересира и тука ќе имаме активно учество во носењето на тоа решение“, потенцираше Деркоски.

Со медиумското рекламирање ДИК најмногу проблем има во нивното мониторирање и еднаквоста на медиумскиот простор за сите учесници во изборните циклуси.

„Што се однесува до медиумското рекламирање она што во 2019 година се донесе во 5 до 12 и се наметна како обврска на ДИК без да се размисли како тоа ќе се спроведе и на кој начин ќе се мониторира, се префрли обврската од Министерство за финансии за плаќање на медиумската кампања на ДИК, којашто реално ниту има капацитет да го мониторира тој процес ниту пак има методологија во одреден дел за мониторинг, особено на електронските портали. Едноставно врши трансфер на средства, односно поклонува верба врз база на склучени договори и доставена документација од политичките партии и медиумите. Делот што се однесува на порталите одговорно можам да кажам дека таму постои секаква можност, затоа што законот е толку непрецизен, одредбите се толку непрецизни што даваат на секому можност да учествува во поделбата на колачот. Сметам дека треба да се размисли дали да се продолжи со ваквото законско решение од буџетски средства да се покрива медиумската кампања. Треба да се размислува и за еднаквоста на просторот, затоа што сега имаме класична нееднаквост. Големите политички партии имаат 90% од медиумскиот простор, а помалите имаат по 10%, што јасно е дека во самиот старт на трката вие влегувате обесправени.

Решенијата како електронско гласање и слично е далеку од остварување затоа што ние во Македонија сѐ уште се бориме како да го идентификуваме гласачот. Имаме проблем со вистинска автентичност и идентификација на гласачот. Сѐ уште имаме гласачки места каде што еден гласа за 5, за 10 или некој за друг гласа. Не можеме да останеме имуни и да се правиме дека не го гледаме тоа и дека го нема тоа. Ние треба првин да најдеме начин како тој проблем да го надминеме, па потоа да одиме со примена на новите технолошки средства“, вели Деркоски.

Почетокот на 2021 година Државната изборна комисија останува без сегашниот состав на кој му истекува мандатот. Деркоски предупредува дека мора брзо да се работи на составување нов состав на ДИК, едукација на изборната администрација и да не се остане пасивен во овој процес. Во спротивно како што вели Деркоски, ќе се соочиме со непредвидени предизвици првентствено за локалните избори.

„Од јануари државата нема повеќе Државна изборна комисија, останува без мандат, нема Општински изборни комисии, нема избирачки одбори, на сите им поминува мандатот. Значи, кој ќе прави локални избори наредната година, треба да се одлучи брзо во Парламентот, да се направи интервенција  кога ќе се врши едукација на избирачките одбори, затоа што начинот на кој што сега се бираат, со ждрепка, па вклучување дел од политички партии и така натаму изискува време за нивна едукација. Можеби ждрепката ќе покаже дека 70% од луѓето ќе бидат нови и тие треба да се запознаат со процесот. Ние направивме и програма за едукација и време кога треба тие да се едуцираат, меѓутоа сето тоа треба да се претвори во законска основа за да  можеме навремено да реагираме. Можеме да се соочиме со предизвици предизвикани со нашето пасивно однесување, комплетно на општеството, заради тоа што никој нема да реагира дека следат одредени процеси што треба да се одвиваат понатаму“, вели Деркоски.

Б. Ј.

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ