„Адвокатот на екс-премиерот сега азилант, Никола Груевски го злоупотреби Законот за јазици“, рече министерката за правда Рената Дескоска во вчерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Целта според Дескоска, е избегнување од правдата преку одолговлекување на судските процеси.
Во однос на извештајот на Венецијанската комисија, Дескоска истакна дека ќе се отвори процес на сериозна дебата за Законот за јазици и мислењето на Венецијанската комисија во рамките на Владата.
„Сметаме дека Венецијанската комисија е респектиран орган и тоа мислење го земаме сериозно како Влада. Сите забелешки на Венецијанската комисија треба да бидат земени предвид““, рече Дескоска, на што професорката Гордана Сиљановска Давкова истакна дека така треба да разговара една министерка!
Во емисијата „Click Plus“ Дескоска гостуваше заедно со Гордана Сиљановска Давкова.