Министерството за правда ќе ги обнови разговорите на работната група за измени на Изборниот законик, најави министерката за правда Рената Дескоска Особено на Конференцијата за изборни реформи во организација на ЦИВИЛ.
„Пред моментот кога Министерството за правда ќе ги обнови разговорите на работната група за измени на Изборниот законик – Беше изготвен одреден нацрт во кој ги имплементиравме препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но ги немавме одговорите на политичките партии. Без оглед на тоа, ќе почнеме нови разговори. Новиот текст на законот ќе ги вклучат и актуелните прашања, како отворени листи и нов изборен модел, а МП ќе биде медијатор во процесот“, најави Дескоска.
Таа нагласи дека Министерството за правда нема да поддржи ниедна реформа за која ќе нема консенсуз од политичките партии. – Ќе разговараме за сите опасности, за сите предизвици, рече Дескоска и наведе дека, меѓу другото, се разговара со ЗНМ за подобрување на рамката, се разговара запрашањетп да се овозможи пристап до гласачки право за сите-важечки и неважечки документи, континуирано ажурирање на избирачкиот список.
Игор К. Илиевски