Барањето на ВМРО-ДПМНЕ, за присуство на Државниот јавен обвинител, министерката Рената Дескоска ја цени како алиби за бегање од средбата за Законот за ЈО и од правдата воопшто која треба да се донеде преку овој закон.
Press, Renata Deskovska: Përfundon takimi për #Ligjin e #Prokurorisë
Gepostet von drejt.mk am Freitag, 24. Januar 2020
Десковска рече дека пред средбата ја информирале опозицијата за присутните и барале предлози за евентуални измени на форматот.
“Од ВМРО-ДПМНЕ имаше само барање за присуство на меѓународни претставници и тоа го прифативме, тие беа присутни на денешната средба. До почетокот тие не побараа присуство на Јовески. Со ова е јасно дека на ВМРО-ДПМНЕ им е битно само една точка, деветата која вчера ја кажа нивниот лидер, а тоа е затварање на предметите отворени од прислушуваните разговори”, изјави Дескоска.
Дополнително таа рече дека Јавниот обвинител ќе биде присутен на јавната дебата која ќе се оргнизира во Собранието, но ни ова не им било доволно на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Сите други учесници на средбата како што истакна Дескоска, предлогот го цениле како добра основа и се однесувале конструктивно кон Законот за Јавно обвинителство.
А. Зеќири