• Latest

Дескоска: Уставниот суд да го укине спорниот дел од законот за матична евиденција

July 4, 2023

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дескоска: Уставниот суд да го укине спорниот дел од законот за матична евиденција

July 4, 2023 11:07
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната министерка за правда Рената Дескоска порача преку статус на Фејсбук Уставниот суд да го поништи новото упатство и да го укине спорниот дел од законот за матична евиденција

Одлуката на Уставен суд да почне постапка е добра вест, а законот е испочитуван бидејќи тој предвидува националност во матичните книги, а не во изводот. Изводот не мора да ги содржи сите податоци од матичната книга, објави Дескоска, откако Уставниот суд одлучи да го преиспитува новото Упатство за матични книги.

Таа наведува дека етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци.

-Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас, наведува Дескоска.

Според уставните одредби, додава таа, меѓународните договори што се ратификувани согласно со уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, а уште помалку со упатство.

Значи, нашиот устав ги става меѓународните договори под уставот, но над законите. Согласно ова, јас очекував дека надлежното министерство ќе предложи измена на Законот за матична евиденција, заради усогласување со меѓународните обврски, а не измена на упатството за примена на законот. Ова што се случува во моментот е ретограден процес и непочитување на меѓународните обврски кои сме ги презеле како држава, оценува Дескоска.

Таа потсетува дека Законот за матична евиденција, кој е донесен во 1995 година предвидува во матичната книга да се води податок за националност на родителите.

Првото упатство за примена на законот е донесено во 2010 година и со него е предвидено во матичната книга да се води графа за националност, но во образецот за извод од матичната книга не е предвидена оваа графа. Со тоа законот е испочитуван, без да се споделуваат сензитивни податоци пред поширок круг на луѓе, каде ќе се користи изводот. Изгледа дека во 2010, тогашниот министер имал повеќе сенс за меѓународните трендови на заштита на човековите права, од денес во 2023 година. Значи со упатството од 2010 кое е изменето и дополнето во 2015 година, беше предвидено решение, законската одредба да се примени на матичната книга, а со оглед на тоа што законот не предвидува што содржи изводот, во изводот кој е во поширока употреба, да не се споделуваат сензитивни податоци, како што е етничката припадност, пишува Дескоска.

Таа потсетува дека сме и потписник на Рамковната конвенција за национални малцинства и нашето Собрание ја има ратификувано во 1997 година.

Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за национални малцинства, го критикува задолжителното назначување на етничката припадност во личните документи, или во внатрешните записи кои ги води администрацијата, вклучувајќи ја полицијата и здравствените власти, како спротивни на правото на самоидентификација и тоа може да се прочита во нивните толкувања на Конвенцијата. Затоа мислам дека е добра веста што дојде од Уставниот суд дека ќе го искористат судскиот активизам и ќе покренат постапка за оцена на уставноста на упатството. Би била одлична вест, доколку како епилог на таа постапка, Уставниот суд го поништи новото упатство, а го укине спорниот дел од законот, повикувајќи се на меѓународните акти кои ги имаме потпишано и ратификувано, заклучува Дескоска во објавата на Фејсбук.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ